• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Новородено бебе го оставивте без мајчино млеко“: Милица Тодоровиќ револтирана по скандалот со таткото на бебето

9 февруари 2026, 14:37
  • cподели

Милица Тодоровиќ се огласи само три дена по породувањето, откако во јавноста се крена голема прашина поради откривањето на идентитетот на таткото на нејзиното дете.

35-годишната српска пејачка доби дете со оженет маж кој е во брак веќе 19 години и има две деца, а неговата сопруга јавно проговори и оттогаш следеше вистински хаос на социјалните мрежи.

Во своето емотивно соопштение, Милица истакна дека поминува низ исклучително тежок и стресен период, каков што, како што вели, ниту една жена не би требало да доживее веднаш по породувањето.

Нашето дете има три дена. А јас сите три дена поминувам низ вистински пекол. Постојат моменти во животот кога на секоја жена ѝ е потребно само едно – мир. Да се опорави, да дојде при себе и во тишина да го запознае своето дете. Мене тие моменти не ми беа дадени.

Не поминаа ни три дена од породувањето, а наместо во тишина да го гледам нашиот син Богдан и да учам како да бидам мајка, од болничката постела поминувам низ стрес и притисок каков што ниедна жена не би смеела да ги доживее во тие моменти. Тој притисок остави сериозни последици по моето здравје, последици со кои и понатаму се борам.

Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ни црни ни бели. Од таа вистина не бегам и не лажам. Но, она што денес се зборува за мене не се факти, туку приказни, претпоставки и туѓи толкувања - напиша таа во пораката.

Милица нагласи дека ја разбира туѓата болка и силните емоции, но и дека и таа е повредена од начинот на кој јавноста зборува за неа, заборавајќи дека е пред сè човек, жена и мајка.

Морам да кажам дека и мене ме боли. Боли кога за тебе се зборува без одговорност и се кажува нешто што не е вистина. Кога твојот живот се сведува на наслови. Кога се заборава дека пред сé си човек, жена, мајка.

Мојата реалност денес не се приказни и нагодувања, туку борба да бидам доволно силна за да бидам тука за моето дете.

Во целата таа бучава, ретко некој се запраша како сум јас... - напиша Милица.

На крајот, таа замоли сите шпекулации и непроверени информации да престанат, не поради неа, туку поради, како што вели, „еден мал живот кој штотуку започнува и заслужува мир“.

По оваа порака, пејачката доби огромна поддршка од колешки, пријателки и обожавателки, а дел од пораките ги сподели и на социјалните мрежи.

Меѓу нив се издвои емотивната порака на пејачката Марија Микиќ:

Никогаш не знаете што се случува во туѓите четири ѕида. Затоа и се ТУЃИ!

Дојдовме до врвот на злобата, каде на едно новородено бебе му е ускратено мајчиното млеко, а на една мајка можноста да ја осети таа магија и да ужива со своето дете.

Кажи ми Славице, зад тастатурата под лажно име и профил, дали си среќна? Дали твојот живот сега е поисполнет?

И оние кои живеат само за кликови, пишуваат глупости од наслови и текстови, дали го добивте тоа што го сакавте, дали ви се исплати? Кога ќе се најде некој надлежен таму „горе“ да каже: „ДОСТА!“

Уште еднаш ќе речам: ДОДЕКА ВПЕРУВАШ ПРСТ ВО НЕКОГО, СО ОСТАНАТИТЕ ТРИ ВПЕРУВАШ ВО СЕБЕ!

Милица, бебето знае сè. Биди добра за себе и за него, барем додека малку не зајакне, а потоа јас ќе ја испратам бандата во паркот.

И македонскиот пејач Огнен Здравковски ја поддржа Милица.

Поддршка за оваа жена-лавица!
Не судете, за да не ви биде судено!
Љубовта секогаш победува! – напиша тој.

Tags
Милица Тодоровиќ

Најнови

  • „Новородено бебе го оставивте без мајчино млеко“: Милица Тодоровиќ револтирана по скандалот со таткото на бебето

    Mon, 02/09/2026 - 14:37
  • Марко Пејчиновски и Андреа Илоска

    Храброст што инспирира: „Големо срце“ за Марко Пејчиновски

    Mon, 02/09/2026 - 13:48
  • Луис Хамилтон и Ким Кардашијан

    Не се кријат: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон со бакнеж на Супер Боул потврдија дека се во врска

    Mon, 02/09/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.