• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слободно време

Новогодишни украси кои можете да ги направите сами

26 декември 2009, 12:27
  • cподели
Новогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украсиНовогодишни украси

Украс за свеќа од портокал

За да го направите овој украс, потребен ви е портокал и мала свеќа. Прво пресечете го напречно портокалот од едната страна, за да можете со помош на лажичка или нож да го издлабите. Откако ќе извадите сè од него, внимателно сечете кругови како на сликата. Најдобро е да направите круг и најгоре каде што ќе гори пламенот од свеќата. Наместо портокал можете да употребите и грејпфрут.

Ова ќе ви овозможи да добиете прекрасна светлина и убава пријатна арома на портокал.

Свеќник од лижавчиња

Интересните лижавчиња во форма на бастун можат да ви послужат да им дадете новогодишен изглед на свеќите.

Пресечете ги бастунчината, така што да бидат високи колку половина од висината на свеќата и едно по едно залепете ги околу свеќата.

Синџирче од пуканки и овошје

Пуканките можете лесно и едноставно да ги користите за декорација на домот. За да направите синџирче потребни ви се пуканки и дебел конец или рибарска жила, а ако сакате да внесете и малку боја, искористете сушено овошје како кајсии или боровинки.

Прво решете по каква шема ќе ги редите (пример: 3 пуканки, 2 боровинки, 2 пуканки, кајсија) и започнете да го нижите. Ако сакате да експериментирате, можете синџирчето да го обликувате во различни форми.

Свеќник од лушпи од ореви

Оревите секогаш нè асоцираат на Коледе и Божиќ, па ако ги вклучите во вашите декорации нема да погрешите.

Едноставно ставете мала свеќа во едната половинка од лушпата на оревот. Прицврстете ја со помош на топен восок.

Новогодишен послужавник

Искористете го вашиот стар послужавник за да создадете интересна декорација. Наредете во него свеќи со различна големина и околу нив ставете ореви, бадеми, мали лампиони.

Освен бели свеќи можете да искористите и црвени, но не мешајте премногу бои.

Снежни топки од пластелин или глина

Со помош на пластелин или глина лесно и едноставно можете да создадете снежни топки. На секоја топка нацртајте лице и со длабење прикажете различни емоции.

Како очи можете да ставите мониста или бисери во боја.

Рачно направени лампиони

За да направите ваков лампион, потребно ви е платно во црвено-бела или црвена боја (или друга по желба), неколку зелени лисја, бела лента и стар лампион.

Завиткајте го лампионот во платното и горе врзете го платното со бела лента. Направете панделка и ставете неколку зелени лисја или гранче од зимзелено дрво.

Врзете уште една лента за да можете да го поставите лампионот на елката или над вратата.

Елка од снегулки

Исечете неколку снегулки од бел картон (препорачуваме 5), но секоја од нив да биде со различна големина.

Земете и неколку бели бисери. Со помош на игла и рибарска жила нанижете ја прво најголемата снегулка, па ставете бисер, потоа помалата и т.н. додека не ги ставите сите снегулки.

На крајот завршете ја низата со бисер.

Шишарка како лампион

Едноставно и лесно шишарката може да се претвори во новогодишен лампион, ако на горниот дел ѝ врзете црвена лента и направите панделка.

Елки од шишарки

Во свеќник ставете шишарка и на нејзиниот врв поставете мала блескава ѕвезда. За поголем ефект шишарката испрскајте ја со златен спреј.

Tags
нова година

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.