• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе

23 ноември 2023, 11:00
  • cподели
  • Меѓународната кампањата со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ ќе се емитува во десет земји
  • Телеком повикува на поголема толеранција и единство

Меѓународната Новогодишна кампања на Дојче Телеком со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ прикажува типично празнично сценарио: семејство кое се собира за најубавата прослава во годината. Сите се радосни што повторно се гледаат и покрај малку чудните прашања и очекувања од страна на роднините. Но, само едно прашање е навистина важно: „Дали си среќен?“

Ова е првата меѓународна кампања под новиот слоган на Дојче Телеком: „Connecting your world”, а токму тоа е и симболиката на кампањата: вистински човечки врски коишто ни значат.

Telekom

„За време на празниците се спојуваат различни генерации со различни стилови на живот, што природно води до спротивни гледишта и очекувања, коишто честопати се искажуваат преку малку непријатни прашања“ – вели Урлих Кленке, Главен директор за бренд на Дојче Телеком. „Ние во Дојче Телеком се залагаме за различности, отвореност и толеранција. На сите треба да им биде дозволено да го живеат својот живот онака како што сакаат. Она што навистина е важно е длабоката врска којашто ја споделуваме со луѓето коишто ги сакаме и покрај разликите.“

Создавање емотивна блискост со искрени прашања

Приказната зборува за еден млад човек којшто доаѓа дома да го види своето семејство за Новогодишните празници. Наместо очекуваната радост и хармонија од семејната средба, тој е бомбардиран со прашања:„Кога веќе еднаш ќе го завршиш факултетот?“„Најде ли девојка конечно?“„Кога ќе добиеме внучиња?“

Расположението опаѓа сѐ до моментот кога неговата баба му го поставува најважното од сите прашања:„Дали си среќен?“ Во тој момент, оваа искрена врска помеѓу бабата и внукот фрла сенка врз сѐ друго.

Кампањата е создадена од Saatchi & Saatchi и промовира подлабока меѓучовечка блискост на еден весел и игрив начин.

Новогодишната кампања на Дојче Телеком се емитува во десет земји во Европа каде е присутна групацијата: Македонија, Словачка, Германија, Хрватска, Црна Гора, Австрија и Полска, како и Романија, Република Чешка и Унгарија.

Новогодишната реклама:

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.