• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Новогодишен магичен концерт за посетителите на Веро Центар

28 декември 2017, 10:48
  • cподели

Уживајќи во звуците на популарни новогодишни композиции, посетителите на Веро центар во сабота (30.12.2017) ќе бидат дел од новогодишна музичка магија што специјално за нив ја креира компанијата Веропулос. Музичкиот перформанс ќе почне во 12 часот во холот на Веро Центар и ќе трае околу два часа.

Предновогодишната атмосфера во Веро Центар ќе ја загрее детски хор на кој ќе му се придружи хор од возрасни музичари, при што дел од изведувачите ќе се појават од различни страни на трговскиот центар. Нивниот настап ќе биде придружуван од професионален гудачки оркестар. Сите музичари заедно ќе изведуваат популарни новогодишни композиции кои совршено ќе се вклопат во празничниот амбиент кој изминатиов период владее во Веро Центар. Посетителите на Центарот ќе може да се одморат од празничниот шопинг уживајќи во волшебните звуци на класичната и празничната музика, а во исто време и да поминат забавно време со своите најблиски.

Веро

Организирањето забавни настани во Веро Центар непосредно пред Нова година изминативе години се претвори во убава традиција преку која менаџментот на компанијата „Веропулос“ го поттикнува новогодишниот дух кај посетителите. Овие настани привлекуваат огромен интерес од посетителите.

Веро

„Новогодишниот и божиќниот период е еден од најубавите во годината, период во кој семејствата поминуваат квалитетно време заедно. Преку организирањето вакви настани сакаме заедничкото уживање да биде уште покомплетно и навистина сме среќни што успеваме во таа цел. Нова година е време кога сите се подготвуваат за празнување, купуваат подароци и ја планираат новогодишната трпеза. Со музичкиот перфоманс, нивното шопинг искуство во Веро Центар ќе се претвори во вистинска празнична магија, дополнета со специјални предновогодишни понуди кои Веро ги креираше според потребите на своите лојални потрошувачи“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор на „Веропулос“ во Македонија.

Веро

Со организирањето на овој новогодишен музички настан, Веро ја заокружува годината исполнета со организација на бројни настани во Веро Центар во кои главниот акцент беше ставен на забава и едукација на најмладите. Но, во овие настани исто толку уживаа и возрасните имајќи го предвид концептот кој го наметна Веро Центар како место за забава на целото семејство.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.