• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ново партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија

5 мај 2022, 14:32
  • cподели

Партнерството ќе поддржи нови иницијативи за младите во справување со најголемите предизвици на нивната генерација

Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија ја продлабочуваат повеќегодишната соработка со нови иницијативи за вклучување на младите во справување со најголемите предизвици на нивната генерација и унапредување на користењето дигитални решенија за квалитетно и инклузивно образование.

Новото партнерство се состои од: поддршка на дигиталното образование и веб платформата Едуино, комуникациски иницијативи предводени од младите за справување со сајбер булингот и говорот на омраза на социјалните медиуми и поддршка на младински предизвик со фокус на дигитални решенија за справување со климатските промени. УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ќе ја започнат новата соработка преку отворен повик, со кој се повикуваат млади иноватори да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени во рамките на глобалниот младински предизвик „Генерација без граници“ под слоганот „Технологија за планетата“.

УНИЦЕФ и Телеком

„Преку партнерството со Фондацијата Телеком за Македонија сакаме да поттикнеме заедничко создавање со младите за да дојдеме до иновативни решенија за предизвиците со кои тие се соочуваат секој ден. Младите се длабоко засегнати од климатските промени и се целосно способни да бидат дел од решението. Овој предизвик овозможува младите да ја искористат креативноста што ја носат нивните години и сами да раководат со решенијата, да се поврзат со можностите за претприемништво и да станат двигатели на позитивна промена во рамките на климатската акција во нивните локални заедници, но и пошироко,“ рече претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

„Технологијата е моќна алатка, особено во рацете на младите коишто се силно мотивирани да наоѓаат решенија за денешните предизвици. Климатските промени нè засегаат сите, а особено младите коишто треба активно да учествуваат во креирањето на решенијата. Наша задача е да им овозможиме да ги реализираат своите идеи и да го поттикнеме нивниот потенцијал. Како носители на дигиталната трансформација, наша обврска е да им дадаме шанса на младите да бидат креатори на својата иднина“ – рече Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Оваа година, младите иноватори ќе создаваат дигитални решенија за справување со една од најголемите закани со која се соочуваат децата и младите насекаде во светот - климатските промени. Средношколци, студенти и заинтересирани млади ќе имаат можност да креираат иновативни, применливи и одржливи алатки и модели за да се обезбеди здрава животна средина и поквалитетен живот за сегашните и за идните генерации. На досегашните предизвици во рамките на иницијативата „Генерација без граници“ два тима од Северна Македонија добија глобално признание. Во 2020 година, во категоријата севкупни победници на возраст под 18 години, победник беше тимот eBionics со решението „Раката на Венера“ – 3Д печатена бионичка рака за лица со недостаток на горен екстремитет. Во 2019 година, тимот АндроМета беше еден од глобалните победници со нивната мобилна апликација Speak Out, којашто е направена да создаде заедница за поддршка на жртви од врсничко насилство.

Најдобрите десет тима на овогодинешниот предизвик ќе бидат поканети на работилници за натамошно развивање на нивните идеи. По овие работилници, ќе бидат избрани пет најдобри идеи коишто ќе бидат наградени со финансиски средства и со менторска поддршка. Тимовите ќе работат под менторство на стручни лица од областа на климатските промени и специјалисти од Македонски Телеком.

Двете најдобри решенија од финалето во земјата ќе влезат во светскиот избор. Овие проекти ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на „Генерација без граници“ за нивно проширување.

Ова е трето партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Во 2015 година, тие соработуваа на обезбедувањето еднакви можности за рана едукација на децата во руралните средини преку отворање 8 центри за ран детски развој, а во 2019 година соработуваа на дигитални решенија за намалување на бариерите со кои децата и лицата се попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот.

Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Tags
УНИЦЕФ
Фондацијата Телеком за Македонија
Македонски Телеком

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.