• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Новата Мис на САД учествувала во стриптиз натпревар

18 мај 2010, 10:40
  • cподели

Во неделата вечерта, Рима Факих беше прогласена за Мис на САД. Шармантната Рима, којашто ја претставуваше американската сојузна држава Мичиген, победи 50 други натпреварувачки и ја освои круната. Така таа го оствари т.н. американски сон, станувајќи првата муслиманка што ја добила оваа титула.

Само еден ден откако ги освои срцата на американците, имиџот на новата Мис Америка започна да се руши со појавувањето на фотографии од стриптиз натпревар во кој таа учествувала во Детроит во 2007 година.

Рима ФакихНовата Мис на Америка во стриптиз натпревар.
Рима Факих Рима Факих

На фотографиите се гледа Рима како игра на стриптиз шипка облечена во кратки панталониња и блуза, но ниту една фотографија не ја покажува поразголена од тоа. На натпреварот присуствувале само жени. Жирито било составено од стриптизерки кои решиле дека Рима најмногу ја заслужува наградата од накит, секс играчки и стриптиз шипка за домашна употреба.

Претставници на Мис Универзум стапиле во контакт со продуцентите на „Mojo In The Morning“, коишто ги објавија фотографиите, за да добијат повеќе информации за настанот. А кога биле запрашани дали е можно да ѝ биде одземена титулата на Рима, претставниците на Мис Универзум не дале одговор.

Ова не е прв пат некоја од носителките на круната Мис Америка да предизвика скандал. На минатогодишната победничка Кери Прижан ѝ беше одземена титулата откако стана јасно дека имала снимено секс видео. Таа исто така привлече многу критики со изјавата дека бракот треба да биде само помеѓу маж и жена.

Прогласувањето на Мис САД 2010

Tags
мис

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.