Новак Ѓоковиќ ја исполни животната желба на девојче кое преживеа леукемија, се сретнаа пред финалето на АО
По кој знае кој пат, Новак Ѓоковиќ покажа дека големината на еден шампион не се мери само со титули и рекорди, туку и со човечност.
Пред финалето на Австралија Опен, 38-годишниот српски тенисер одвои време во својот натрупан распоред за да ја исполни животната желба на 12-годишната Имоген, која на 8-годишна возраст се соочила со тешка дијагноза: акутна лимфобластна леукемија.
За среќа, Имоген како вистинска хероина го победи ракот, а сега доби и уникатна можност да се запознае лично со својот омилен тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Беше многу тешко додека поминував нив сето тоа, но успеав. Сега сум добро и се трудам да ја подигнувам свеста и да собирам средства за да им помогнам на други деца“ – рече Имоген пред средбата.
Откако ја слушнал нејзината приказна и дознал за нејзините хуманитарни активности, Ѓоковиќ ја поканил Имоген да го следи мечот од неговата приватна ложа, а по мечот следела средба која таа ќе ја памети цел живот.
Кога таа го запрашала Ноле што за него значи тенисот, тој одговорил:
„Тоа е навистина добро и длабоко прашање. Во одредена смисла, ми значи сѐ, бидејќи го посветив целиот мој живот на него. Ако навистина ти се допаѓа, ти го препорачувам. Би бил среќен да ти бидам ментор“.
Потоа ѝ ја потпиша маицата и некои тениски реквизити, па заедно играа тенис на теренот.
@itssozer Novak’s wanting to win the final, for Cancer warrior Imogen 🥹❤️#tennis #djokovic #novakdjokovic #ausopen ♬ original sound - Samuel Weidenhofer
За жал, Ноле не успеа да го освои 25-тиот Грен Слем во кариерата, но затоа освои милиони срца низ светот.
„Големината на Новак е поголема од неговите тениски вештини, неговото срце е она што го истакнува.“
„Новак – најголемиот тенисер и уште подобра личност.“
„Браво, Ноле. Гордост на нашата Србија. Те сакаме.“
„Се гордеам што сум Србинка.“
„Новак е неверојатен човек, се надевам дека хејтерите ќе го видат ова“ – се само дел од коментарите.
Еве видео од моментот која Имоген го победи ракот и победнички заѕвони на ѕвончето:
@nmfcofficial Nearly three years ago, our @Good Friday Appeal ambassador Imogen was diagnosed with leukemia at just eight years of age. This week, at the Royal Children's Hospital, she got to ring the bell to celebrate being cancer-free 🥰 #afl #australia #kids #cancer ♬ som original - WE ARE 00h.03m 🇨🇭