Новак Ѓоковиќ елегантен покрај шампионката Ејлин Гу, зборуваше и на српски јазик на Лауреус
Новак Ѓоковиќ блесна во елегантно издание на годинашното издание на доделувањето на спортските награди Лауреус во Мадрид.
38-годишниот српски тенисер заедно со Ејлин Гу влегоа во улогата на ко-водители на престижниот настан и освоија многу симпатии.
Тие ја отворија вечерта со стил и харизма, обраќајќи ѝ се на публиката на неколку јазици, меѓу кои и на српски јазик.
„Убаво е да се биде со тебе тука вечерва“ – ѝ рече тој на Ејлин на неговиот мајчин јазик.
И Новак и Ејлин важат за глобални спортски икони и симболи на новата генерација шампиони, па не изненадува што токму тие го поставија тонот на вечерта која што ги славеше најуспешните спортисти за 2025 година.
Двајцата споделија фотографии на социјалните мрежи.
„Лауреус беше величествен“ – напиша Ноле.
„Благодарност до Лауреус што ги обединува најдобрите спортисти во светот за да ја прославиме моќта на спортот да ги поврзува луѓето и да го направи светот подобро место“ – стои во објавата на Гу.
Церемонијата, одржана во импресивната зграда на Palacio de Cibeles, собра врвни имиња од светот на спортот, забавата и културата.
Инаку, Ѓоковиќ е петкратен добитник на признанието за Најдобар спортист на годината и освојувач на рекордни 24 Гренд слем титули, додека Гу е една од најуспешните фристајл скијачки на денешницата, со олимписки и светски титули зад себе.