• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Нова радост по борбата за потомство: Стеван Анѓелковиќ и сопругата го добија второто дете

10 ноември 2026, 00:00
  • cподели

Семејството на Стеван Анѓелковиќ доби нов член.

Српскиот пејач и неговата сопруга Наташа станаа родители по вторпат, а среќната вест ја сподели нивната блиска пријателка, Милица Тодоровиќ.

Двојката доби син, а популарната српска пејачка, која воедно им е и кума, на својот профил на Instagram објави фотографија со слонче кое држи син балон и напиша:

„Добредојде на свет, момченце! Те сака кумата! Браво мамо и тато!“

Патот до родителството за двојката Анѓелковиќ не бил едноставен. Стеван претходно отворено зборуваше за нивното искуство со ин витро оплодување, благодарение на кое ја добиле ќерката Ѓина.

Во едно телевизиско гостување, пејачот за првпат јавно откри дека со сопругата морале да побараат медицинска помош за да станат родители. Притоа посочи дека ова е реалност со која се соочуваат сè поголем број парови и дека за таквите искуства треба отворено да се зборува.

„Сопругата и јас добивме дете со ин витро оплодување. За ова првпат зборувам јавно. Денес тоа стана нешто нормално. Имам пријатели и на Запад, каде што сè поретко се случува луѓето да добијат дете по природен пат“ - изјави тогаш 38-годишниот музичар.

Стеван и Наташа се запознале во клуб за време на негов настап, па биле 11 години во врска. Стапија во брак во 2018 година. Родители се и на ќерката Ѓина, која во декември ќе го прослави својот трет роденден.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Milica Todorovic 💫 (@todorovic.star)

Tags
Стеван Анѓелковиќ

Најнови

  • „Срце полно љубов“: 9-годишно девојче по хемотерапиите се врати на училиште, доби љубов од соучениците за роденденот

    Tue, 11/10/2026 - 14:20
  • Посветен татко ослабе 38 килограми за да стане донор и да му го спаси животот на 6-годишниот син

    Tue, 11/10/2026 - 13:50
  • „Хурем Султан“ атрактивна во црвен фустан во Баку, го промовираше новиот филм со колегата Халит Ергенч

    Tue, 11/10/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.