• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

НЛБ Банка, прва банка која воведе Apple Pay на македонскиот пазар

31 јули 2025, 08:22
  • cподели

НЛБ Банка Скопје ја лансираше услугата Apple Pay со што стана првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможи овој сервис. НЛБ Групацијата истовремено ја лансираше Apple Pay и во своите банки во Босна и Херцеговина и Косово - последните пазари на НЛБ каде што оваа услуга сè уште не беше достапна, овозможувајќи ја Apple Pay за сите НЛБ клиенти во регионот на Југоисточна Европа.

НЛБ Банка Скопје

„Ова е значајна пресвртница која го одразува нашиот стремеж кон иновации и длабоката посветеност на НЛБ Групацијата кон регионот на Југоисточна Европа. Ова е повеќе од само технологија, ова е и пристап, вклученост и доверба. Ние го испорачуваме она што е најважно за нашите клиенти - едноставност, безбедност и брзина во секојдневните плаќања“ – вели во своето видео-обраќање Антонио Аргир, член на Управниот одбор на НЛБ д.д.

„Со оваа иницијатива, НЛБ Групацијата уште еднаш покажа дека е повеќе од финансиска институција, односно дека е двигател на промени, партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот. Како што појаснува Аргир, зад овој успех стои долготрајна и стратешка заложба, интензивни преговори и постојано застапување на интересите на клиентите и пазарите пред глобалните технолошки партнери: „Се залагавме, преговаравме и конечно го убедивме Apple да ги отвори овие пазари. Ова е нашата улога, ова е нашето влијание. И додека од овој потег имаат корист сите банки во регионот, токму нашата визија и решителност го овозможија тоа“ – заклучува Аргир.

Практично, НЛБ Групацијата одигра клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот.

НЛБ Банка Скопје

Клиентите на НЛБ Банка Скопје кои со нетрпение ја очекуваа Apple Pay веќе од вчера можат да ги дигитализираат своите НЛБ кредитни и дебитни картички на Visa и Master Card и да плаќаат брзо, безбедно и удобно во продавници, преку апликации и онлајн.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.