• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Низ што сè минуваат жените со ин витро... По 5 години неплодност, пар вака објави дека ќе има дете

9 јануари 2018, 11:29
  • cподели

Вештачкото оплодување е долг и болен процес, но надежта дека на крајот од тој тежок пат ќе добијат бебенце им дава сила на паровите кои со години се соочуваат со неплодност да не се откажуваат во борбата.

Бебешки шпикозни опкружени со стотици шприцови во форма на срце стојат во фокусот на моќна фотографија со која брачна двојка објави дека ќе добие детенце.

Имено, Лориен Мартиндејл и нејзиниот сопруг се обидувале да зачнат веќе пет години, но залудно. Нејзе ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници, кој е една од најчестите причини за неплодност кај жените.

По многу неуспешни обиди за вештачко оплодување и еден спонтан абортус, Лориен денес носи здраво бебенце во својата утроба. Празните шприцови и шишенца од таблети се оние кои таа морала да ги прима за да успее да забремени.

Бременост

Кога се омажив за мојот сопруг пред 5 години никогаш не замислував дека нашата најголема борба ќе биде обидот да основаме семејство. Пред неколку години го добив одговорот. Мене ми беше дијагностициран Синдром на полицистични јајници и ми кажаа дека без лекарства никогаш нема да можам да бидам во овулација.

Се сеќавам на мојот прв состанок со мојот сегашен специјалист за неплодност. Таа ми вети дека ќе ми помогне да забременам. Една од рундите на вештачкото оплодување беше успешна, но за жал, рано ја изгубивме таа бременост.

По уште неколку неуспешни рунди, мојот доктор ми предложи нова опција (Invocell). Ние (јас, мојот сопруг, целиот оддел за неплодност) повторно добивме надеж, но 5 дена откако оплодивме 21 јајце клетка, докторот излезе од лабораторијата плачејќи. Знаев дека немавме ни еден ембрион. Но, никогаш не се откажавме. По последните две неуспешни ин витро постапки, ембриологот ни подари интрацитоплазматска инјекција на сперматозоид и ние бевме благословени што добивме три ембриони. Беше долг и болен пат, но ние сме многу возбудени што конечно можеме да објавиме дека нашето бебе-чудо е на пат!

5 години
2 специјалисти
Илјадници таблети
Стотици инјекции
Десетици илјади долари
Многу неуспешни обиди
Безброј солзи
1 рунда Invocell
1 великодушен ембриолог
36 јајце клетки
3 ембриони
1 загуба
5 години молитви
5 години надеж
5 години верба
1 прекрасно срцево биење

Со многу љубов и малку наука, добивме одговор на нашите молитви и среќни сме што можеме да најавиме дека нашето бебе ќе ни се придружи во семејството во мај 2018 година.

Бременост Бременост
Tags
ин витро
бебе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.