• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ништо не е толку тешко како овие 16 години без тебе“: Тони Цетински со емотивна објава за Тоше Проески

17 октомври 2023, 08:34
  • cподели

Вчера навршија 16 години од трагичната смрт на Тоше Проески, која остави длабока рана кај многу Балканци.

Како и секоја година, така и оваа, неговиот колега и соработник Тони Цетински не пропушти да ги излее своите емоции во пост на социјалните мрежи. Хрватскиот пејач ја искажа огромната тага која ја носи во себе од денот кога почина неговиот добар пријател и допре до илјадници лица. Бројни се коментарите на неговиот пост кои доволно зборуваат колку многу Тоше беше сакан.

Тони Цетински

Драг братко,

Тешки се овие времиња, но нема предавање, бидејќи ништо не е толку тешко како овие 16 години без тебе.

Ова е толку тежок ден што ми се лоши и така е секојпат кога ќе се присетиме на тоа кобно утро откако те нема. Од денот кога замина, овде на земјата за сите нас кои те сакавме, преку ноќ исчезна визијата за идеален Свет.

Живееме, љубиме, работиме, но баш ништо не е исто без тебе, мој Тоше, ништо. Со тебе и тешките денови минуваа полесно. Сè беше полесно и сè беше возможно.

Знам дека си тука некаде и дека бдееш над нас, но недостасуваат твоето физичко присуство и твојата насмевка, како и твоите зборови и гласот. Твојот благ поглед и таа твоја разиграност на мало дете во тело на возрасна личност, полна со разбирање за секого.

Често помислувам дека не можам повеќе, но во истата таа секунда, даваш свој знак. Или ќе се слушне твојата песна или некој ќе ми испрати порака поврзана со тебе, која охрабрува и ми дава снага да се исправам и да продолжам понатаму.

Никогаш нема да можеме доволно да ти се заблагодариме и никогаш нема да те прежалиме, брате мој.

Тажна е секоја годишнина од твоето заминување, тажен е секој ден и секој миг, но мораме и понатаму да живееме со надеж дека повторно ќе се сретнеме.

ЗАСЕКОГАШ ТВОИ,
ПОТПИШУВАМЕ

Тони Цетински

Цетински и Проески во 2005 година ја снимија нивната заедничка песна „Lagala nas mala“ која брзо стана хит.

Tags
Тони Цетински

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.