• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Никола Пелц добива милион долари џепарлак месечно, Бруклин Бекам со поумерена поддршка од славните родители

28 јануари 2026, 10:25
  • cподели

Финансиската состојба на Бруклин Бекам и Никола Пелц е меѓу жешките теми деновиве.

29-годишната актерка добивала дури 1 милион долари месечно од својот татко, милијардерот и инвеститор Нелсон Пелц.

Оваа сума значително се разликува од финансиската поддршка која Бруклин, наводно, ја добивал од своите родители, Дејвид и Викторија Бекам. Иако семејството Бекам важи за едно од највлијателните во светот на славните, нивниот пристап кон децата, според блиски извори, бил многу поумерен.

Новинарката Марина Хајд, гостувајќи во подкастот „The Rest Is Entertainment“, откри дека Бекамови имаат јасна визија нивниот најстар син да изгради сопствена кариера и финансиска независност.

„Од она што го слушам, мислам дека Бекамови му даваат на Бруклин многу пари, но не луда сума. Во одредена мера имаат сон тој сам да застане на свои нозе и да стане самостоен“ – изјави таа.

Од друга страна, Нелсон Пелц, чие богатство се проценува на околу 1,6 милијарди долари, наводно нема дилеми кога станува збор за финансиската сигурност на ќерка му. 

„Можеби Нелсон ќе негира, но имам слушнато како вели дека ѝ дава на својата ќерка месечен џепарлак од милион долари“ – рекла Марина.

Дури се шпекулира дека токму тој инсистирал на строг предбрачен договор, кој дополнително ги загрижил родителите на Бруклин. Дејвид и Викторија, чие богатство се проценува на 680 милиони долари, мислеле дека нивните деца никогаш не би потпишале предбрачен договор.

„Единствената работа која Бекамови не мислеа дека нивните деца би ја направиле е да бидат оние кои потпишуваат предбрачен договор, мислеа дека би било обратно“ – додала Хајд.

Младиот брачен пар веќе повеќе од една година живее во луксузна вила во Лос Анџелес вредна околу 11 милиони фунти, а наводно главен сопственик на имотот била Никола.

Tags
Никола Пелц
Бруклин Бекам

Најнови

  • Александра Јанева со сопругот Иван и малата ќерка Тина

    Александра Јанева ги сподели првите фотографии од бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 21:20
  • Ева Заева и Душко Чифлиганец

    Ева Заева со емотивна објава за роденденот на трагично загинатиот Душко Чифлиганец

    Fri, 05/29/2026 - 19:50
  • Иван Ангелов и Александра Јанева

    Александра Јанева стана мајка, го откри името на бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 15:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.