• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Никогаш не е предоцна“: 71-годишна жена започна да тренира на 63 години и беше дел од American Ninja Warrior

12 јули 2023, 10:07
  • cподели

Дали некогаш сте сакале да направите нешто, но сте си мислеле дека сте престари за нови предизвици?

Џини МекКол ќе ви покаже дека никогаш не е предоцна за нови нешта.

71-годишната жена започна да тренира во седмата деценија од животот, инспирирана од силата на нејзината ќерка, а сега самата инспирира илјадници лица да си ги следат соништата. Џини го направила првиот згиб (кревање на вратило) на 64 години, а неколку години подоцна стана најстарата жена која се има натпреварувано на American Ninja Warrior.

Џини МекКол Џини МекКол Џини МекКол

Ќерка на Џини е Џеси Граф, која има стигнато најдалеку на American Ninja Warrior од сите натпреварувачки во шоуто. Со нејзина помош, решителната жена стекна сила во горниот дел од телото и доби можност да се натпреварува на American Ninja Warrior.

„Кога ја видов ќерка ми на American Ninja Warrior бев восхитена од нејзината грациозност и сила, но и од нејзиниот здрав изглед“ – рекла Џини за моментот кога решила да започне да тренира.

Џини МекКол Џини МекКол Џини МекКол Џини МекКол
View this post on Instagram

A post shared by Virginia MacColl (@ginnymaccoll)

Џини е среќна што сфаќањата за женското тело многу брзо се менуваат и вели дека нејзина цел е да сруши дел од бариерите кои сè уште постојат.

„Жените од мојата генерација не креваа тегови. Не беше сметано за женствено. Се сметаше дека ако си премногу мускулеста, нема да си најдеш маж. Мило ми е што нештата се променија.“

„Никогаш не бев спортистка, но бев танчарка. Иако немав мускули, имав дисциплина. Дисциплина да не се откажувам и да бидам упорна во она што сакав да го постигнам“ – рекла таа.

Џини МекКол Џини МекКол Џини МекКол

„Сите на натпреварот се чудат дека се натпреварувам. Но, потоа кај мене доаѓаат 40-годишни луѓе и ми велат дека посакуваат нивните родители да можеа да го прават ова со нив. 20-годишниците ми велат дека не знаеле дека по 50-тата и 60-тата година луѓето можат да прават нешто воопшто. Сакам да ги кршам тие стереотипи и да им покажам на луѓето дека можеш да станеш посилна како што старееш. Силата не познава возраст. Никогаш не е предоцна за да станеш посилна, а придобивките за здравјето се феноменални“ – додала Џини.

Џини МекКол Џини МекКол
Tags
фитнес инспирација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.