• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ние бевме тим. Семејство“: Мајка сподели дека породувањето во присуство на сопругот било најубавото искуство

3 октомври 2018, 08:45
  • cподели

Мајка сподели фотографии од своето породување, кои ја покажуваат огромната поддршка која ѝ ја пружил сопругот и тврди дека тоа било најубавото искуство.

Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер

Хана Бауер била решена да го роди своето дете без никакви лекарства, без епидурална анестезија и целосно природно. За жал, нејзините планови не се реализирале. По 15 часа породилни болки, таа чувствувала дека енергијата ѝ се намалува и одлучила да прими епидурална анестезија. Нејзиниот сопруг Џоштон бил постојано покрај неа и ја охрабрувал дека одлично се справува.

Хана и Џоштон Бауер

„Знаев дека ако продолжам да туркам без лекарства, можеби нема да имам енергија да го родам вагинално и дека ризикувам компликации за време на фазата на напони, бидејќи се отворав многу бавно. Не вредеше да ја жртвувам неговата безбедност. Ја намалив мојата гордост што сакав да родам без никакви лекарства и одлучивме да примам епидурална. Го погледнав мојот сопруг, солзите ми течеа по лицето и му се извинив што не успеав. Тој само ми ја подигна брадата, ме бакна и ми рече дека тоа била најдобрата одлука и дека е неверојатно горд со мене... зборовите кои ми требаа“ – вели Хана.

Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер

Поминале уште 6 часа, а 28-годишната родилка сè уште не била доволно отворена за раѓање и покрај дадените лекарства.

„Сега се борев со сомнежите дека моето тело и бебето ми кажуваат дека вагиналното продоување не е за мене. Во овој момент сопругот ми ја фати раката и започна да се моли, да се моли за моето тело. Ми рече дека треба да се фокусирам на правилните нешта. Мојот сопруг е мој темел, моја потпора и успеа да ми го насочи умот во правилната насока. Благодарна сум за овој маж. Тој навистина е мој крал“ – објаснува Хана за моментите пред породувањето.

Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер

Поминале повеќе од 25 часа додека Хана да се отвори 10 см, а по 26-минутни напони, нејзиниот син пристигнал на овој свет.

„Тоа беше најневеројатниот момент во мојот живот. Ништо не беше важно освен тој. Најчистата и најмоќна љубов пламна кога ми го поставија на градите. Не постојат зборови што можат да го опишат тој момент, сè беше совршено.“

Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер Хана и Џоштон Бауер

„Дали тоа беше породувањето што го посакував? Не. Но, тоа беше породување што го зближи уште повеќе нашето семејство. Да се породувам со мојот сопруг и да го родам нашиот син беше најинтимното искуство и сум неверојатно благословена. Ние бевме тим. Семејство.“

„Дали уште сум разочарана за начинот на кој се одвиваа работите... се разбира. На почетокот честопати се прашував ‘што ако?’, но сега знам дека сè се случува со причина и сфаќам колку неверојатно беше моето искуство. Мојот син е екстремно здрав, а јас сум полна со радост“ – вели среќната мајка.

За породувањето на Хана и за поддршката од нејзиниот сопруг, фотографката која стои зад фотографиите изјавила:

„Тие беа најпривлечните тимски играчи кој некогаш сум ги видела да работат заедно. Горда сум што бев присутна во таа соба со нив тие 24 часа. Бев импресионирана од нежниот начин на кој Џош ѝ покажуваше љубов на Хана за време на породувањето. Кога таа се чувствуваше обесхрабрена, тој ја охрабруваше. Кога таа чувствуваше болка, тој беше таму за да ѝ ја намали. Неговата смиреност апсолутно ќе се одрази на нивниот син Џејден еден ден. Првото нешто што го направив кога си отидов дома по ова искуство што ми го промени животот беше да ги гушнам моите деца и да го бакнам секое делче од нивните тела. Животот е убав“.

Хана и Џоштон Бауер
Tags
породување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.