„Ни помогнавте да го оствариме нашиот сон“: По 18 години борба со неплодност, се роди Богдан
Надежта последна умира. Пар, кој 18 години водеше тешка борба со неплодноста, конечно си го оствари сонот да добие бебенце.
Најголемата желба на партнерите од Србија стана реалност благодарение на стручниот тим на болницата „Плодност“ од Битола. Нивното синче се родило со тежина од 3 килограми и должина од 48 сантиметри.
Среќните родители упатија порака полна со благодарност: „Бескрајно сме ви благодарни вам и на целиот тим на болницата ’Плодност‘ што ни помогнавте да го оствариме нашиот сон.“
СЕ РОДИ БОГДАН ПО 18 ГОДИНИ БОРБА СО НЕПЛОДНОСТ И ПРВ УСПЕШЕН ЕМБРИОТРАНСФЕР ВО ПЛОДНОСТ❤️
По 18 години борба за потомство, успешно изведена хистероскопија поради матка во Т-форма и првиот успешен ембриотрансфер, нашата пациентка го оствари својот најголем сон.
На 8 јуни 2026 година на свет дојде малиот Богдан – долг 48 cm и тежок 3 kg.
Во пораката што ни ја испратија напишаа:
„Бескрајно сме ви благодарни вам и на целиот тим на Болница Плодност што ни помогнавте да го оствариме нашиот сон.“На Богдан и на неговото семејство им посакуваме здравје, среќно детство и безброј убави моменти исполнети со љубов.