Нежен момент: Саша Ковачевиќ танцуваше со мајка си на свадбата, Зорана заигра со нејзината ќеркичка
Свадбените прослави секогаш се полни со емоции, но моментите кои ги слават најблиските семејни врски се оние кои се памтат засекогаш.
Саша Ковачевиќ, кој викендов заплива во брачните води, на прославата танцуваше и со својата мајка Милена. Во видеото се гледа и како неговата избраничка Зорана танцува со ќерката Искра.
Погледнете го и првиот свадбен танц на младенците:
Зорана најпрво носеше елегантна венчаница со чипка, а потоа се пресоблече во атрактивна кратка креација.
