Конечно кажаа „ДА“: По 10 години врска, Саша Ковачевиќ се ожени со Зорана со која го очекува првото дете
Саша Ковачевиќ и неговата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац ја крунисаа својата љубов со брак.
По десет години врска исполнета со меѓусебна поддршка и хармонија, парот реши да го изговори судбоносното „ДА“, а нивната среќа е уште поголема бидејќи наскоро ќе го добијат првото заедничко дете.
На видеата од свадбената прослава, популарниот српски пејач шармира во црно одело, додека Зорана блеска во софистицирана венчаница од чипка.
Зорана веќе има една ќерка од претходен брак, која Саша ја обожава и гледа како свое дете.
„Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – има изјавено тој.
Љубовната приказна на парот трае една деценија, а нивната врска дополнително се зацврсти минатата година кога пејачот ја запроси во романтична атмосфера во Атина.
