Нежен гест на Бред Пит кон Инес: Ја повика до себе додека позираше на црвениот тепих во Шпанија
Врската на Бред Пит и Инес де Рамон продолжува да привлекува внимание со нивните сè почести заеднички појавувања.
62-годишниот актер пристигна во Сан Себастијан за да го претстави својот нов филм „Heart of the Beast“.
Во еден момент, додека Пит разговараше со новинарите и позираше пред фоторепортерите, тој ја повика Инес да му се придружи и да ја споделат радоста за неговиот успех.
Инес за оваа пригода избра зелена креација која ја истакна нејзината витка фигура, додека Пит се појави во класичен црн костум, со елегантна фризура и очила.
За нежниот гест кон Инес, Бред доби многу комплименти на социјалните мрежи. „Многу, многу слатко“, „Џентлмен кој е заљубен“, „Се гледа колку ја обожава“ и „Вистински џентлмен“ - се дел од коментарите.
Пред неколку дена беше светската премиера на филмот во САД, на која Бред и Инес исто така се појавија заедно.
Бред и Инес првпат беа поврзани во 2022 година, а во изминатите месеци сè почесто се заедно на јавните настани.