• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Неверојатно: Жена која презентира играчки заработува милиони на YouTube

23 јануари 2015, 13:50
  • cподели

Понекогаш наједноставните идеи вредат милиони. Дозволете најплатените ѕвезди на YouTube за 2014 година да ве убедат во тоа.

Верувале или не, на прво место на листата на корисници со најголема заработувачка на YouTube за годината што измина се искачи мистериозна жена која отвора и презентира Дизни играчки. Само во 2014 година, таа од популарниот YouTube канал DC Toy Collector заработила неверојатни 4,9 милиони долари.

DC Toy Collector

Во видеата се гледаат само нејзините раце додека таа отпакува нови играчки и ѝ презентира на најмладата публика како се игра со нив. Овој канал го следат над 3,5 милиони луѓе во светот. Повеќе светски медиуми се ангажираа да откријат која е жената што стои зад популарниот канал, но нивните обиди завршија без успех.

Но, отворањето нови играчки не е единствениот изненадувачки високопрофитабилен „бизнис“ на YouTube. Со заработка од речиси 4 милиони долари, шведскиот коментатор на игри Феликс Челберг се наоѓа на третото место, веднаш зад спотот на Тејлор Свифт за „Blank Space“, кој на популарната пејачка ѝ донесе повеќе од 4,1 милиони.

Феликс Челберг

Феликс, кој стои зад корисничкото име PewDiePie, е најследениот корисник на YouTube со над 33 милиони следбеници. Во видеата, 25-годишниот видео блогер игра различни игри, додека во горниот агол се прикажани неговите реакции на она што се случува во игрите. Најпопуларното видео на Челберг е за играта Flappy Bird и има повеќе од 25 милиони прегледувања.

Tags
најплатени
YouTube

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.