• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Неутешната сопруга на Ристе Велков, кој загина во сообраќајка со синот, сподели негова изведба на „Ave Maria“

26 мај 2026, 12:50
  • cподели

Семејството, пријателите и почитувачите на музиката сè уште се во неверување по прераната смрт на истакнатиот македонски оперски пејач Ристе Велков.

Неговата сопруга Христина, скршена од болка и неутешна по големата загуба, на социјалните мрежи сподели видео од негова моќна изведба на познатата „Ave Maria“, со која потсети на неговиот талент и врвен глас кој прерано згасна.

 

Велков важеше за еден од највпечатливите и најталентирани баритони на нашата оперска сцена. Со својот специфичен вокал, харизма и професионализам, тој остави неизбришлив белег во Националната опера и балет, како и на бројни домашни и меѓународни фестивали.

Талентираниот баритон почина во сообраќајна несреќа на скопската обиколница заедно со неговиот 20-годишен син Адам и уште две 20-годишни момчиња.

Заминувањето на уметник од ваков калибар е огромен недостиг за македонската култура, а болката е најголема за неговото семејство на кое во овие тешки моменти му е потребна најголема поддршка.

Искрено сочувство до семејството и најблиските.

Tags
Ристе Велков

Најнови

  • dm bring your best friend

    Два викенда, повеќе од 130 учеснички: dm bring your best friend ги обедини женското здравје и пријателството во Маврово

    Mon, 10/26/2026 - 14:55
  • Велина Стаменковиќ

    Прозборела со македонска песна, хуманоста ѝ е секојдневие: 16-годишната Велина од Врање го освојува Балканот со својот глас

    Mon, 10/26/2026 - 14:15
  • Таткото на Меган Маркл под истрага за детска порнографија, таа знаела и вели: Ги чував децата подалеку од него за да ги заштитам

    Mon, 10/26/2026 - 12:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.