Неодолив момент: Новак Ѓоковиќ ѝ посвети сладок танц на ќеркичката Тара, таа му возврати од трибините
Новак Ѓоковиќ секогаш има поддршка од своето семејство на големите натпревари. На мечот против Џовани Перикард на Ролан Гарос, успешниот тенисер издвои време за да ѝ посвети сладок танц на ќеркичката Тара.
Тој заигра на теренот, а слаткото девојче му возврати од трибините. Овој момент беше уловен на камера и стана вистински хит на интернет.
Новак никогаш не криел дека семејството му е најголемиот мотив и „ветер во грб“ на теренот, а малата Тара повторно докажа дека е неговата најверна и најважна навивачка.
И додека притисокот на Ролан Гарос секогаш е на највисоко ниво, ваквите моменти покажуваат дека за Ѓоковиќ, улогата на татко секогаш е на прво место.
На мечот присутни беа и сопругата на Новак, Јелена, и нивниот син Стефан.
Новак и Тара заедно заиграа на песната „Bangaranga“, со која Бугарија победи на Евровизија.
Новак доби и прекрасен подарок од обожавателка - уметничка слика од неодолив момент помеѓу него и малата Тара.