• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Неизлечив рак не ги спречи да ја имаат свадбата од соништата

18 јуни 2013, 15:42
  • cподели

Заљубен пар не дозволи страшна болест да им попречи на патот кон брачниот живот. Кога докторите му соопштиле на Крис Кларк дека ракот на панкреасот се проширил низ неговиот стомак и дека му преостануваат неколку месеци живот, тој без да чека ѝ предложил брак на неговата сакана Шарлот.

„Веќе знаев дека сакам да се оженам со Шарлот, па кога ми кажаа дека е неизлечив, знаев што да направам. Кога ми ја соопштија веста, тоа беше како експлозија, се почувствував како глув и малку дезориентиран. Станав и излегов, бидејќи рекоа дека треба да направам повеќе тестови“ – раскажал Крис.

Само пет минути подоцна, додека Крис и Шарлот шокирани седеле во чекална во болница, тој се свртил кон неа и ја побарал за жена.

Крис имал идеја да се венчаат на кратка церемонија во општина, но Шарлот сонувала за црковна церемонија на село. Сакајќи што поскоро да станат сопруг и сопруга, успеале за само 10 дена да ја испланираат свадбата од соништата со голема помош од нивните роднини и пријатели.

Кирс и Шарлот се венчале во октомври минатата година.

„Целиот ден беше баш како свадбата за којашто сонував. Заедно бевме шест години и отсекогаш знаевме дека сакаме да се земеме, но не брзавме. Иако Крис не ме имаше побарано за жена, јас зачувував линкови и фотографии во папка на мојот таблет со нешта кои сакав да ги имам на идната свадба. Беше неверојатно. Свадбата беше сè што сакав и повеќе од тоа“ – изјавила Шарлот.

Крис до денес се чувствува добро, иако докторите му рекле дека во просек пациентите живеат само шест месеци по дијагностицирањето. Реткиот рак на панкреасот со кој се бори Крис е наследен, но тој не знаел за ризикот бидејќи е посвоен.

„Сите се надеваме и молиме ракот да не се прошири. Се обидуваме да живееме нормален живот и сме многу прагматични за иднината. Секој ден се фокусираме на позитивните нешта во животот. Размислуваме дека може да биде десет пати полошо. Крис се чувствува мошне добро во моментов и го користиме тоа максимално. Тој ми е инспирација“ – изјавила Шарлот за весникот „Coventry Telegraph“.

Кон крајот на месецов Шарлот ќе се вклучи во хуманитарна трка, чија цел е собирање на средства за истражувања на ракот.

Tags
стории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.