„Недостасуваш проклето многу“: Ана Костадиновска скршена 6 месеци по смртта на Панчо од ДНК
Ана Костадиновска е скршена од болка поради смртта на нејзините колеги и пријатели од ДНК, кои го изгубија животот како последица на пожарот во Кочани.
Македонската пејачка и професорка, која кобната вечер успеа да се спаси пред да биде предоцна, сподели фотографии со Владимир Блажев – Панчо, 6 месеци по неговата смрт.
„6 месеци без тебе! Недостасуваш проклето многу 🔒❤️🩹“ – напиша Ана.
Вечерта, кога избувна пожарот, Ана настапуваше заедно со своите колеги во дискотеката „Пулс“. За среќа, таа беше навреме извлечена од опожарениот објект.
Панчо почина 7 месеци по трагедијата како последица на повредите.
Во пожарот во Кочани згаснаа животите на најголем дел од членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.
ФОТО: Ана Костадиновска / Instagram