Неда Украден со забава на јахта го прослави 76-тиот роденден, позираше и во бикини со зетот
Верувале или не, Неда Украден го прослави 76-тиот роденден.
Легендарната српска пејачка се веселеше на јахта во Которскиот залив заедно со најблиските членови на нејзиното семејство и пријателите.
Музичката дива сподели фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои сосем очекувано има микрофон во раката.
„Среќен роденден, мамо ❤️
Горда сум на тебе, на твојата сила, храброст и на сè што си. Те сакам. ❤️“ - ѝ напиша ќерка ѝ Јелена.
„Уште една година, а во срцето имам уште повеќе љубов, спомени и благодарност. ❤️
Не ги бројам годините, ги бројам моментите кои ме направија среќна. 🥂🎂
Благодарна сум за секој нов ден, за моето семејство, пријателите, мојата публика и за сите вас кои со години сте покрај мене. 🎉🎉🎉
Животот е најубав кога го живееш со полни гради“ – напиша Неда.
Нејзиниот зет Пеца Миновиќ сподели фотографија со Неда, на која таа позира во бикини, заедно со порака за роденденот.
„Денес сакам да ти кажам нешто што можеби не го кажувам доволно често – бескрајно сум ти благодарен за сè што направи за мене и за нашето семејство. Ти благодарам за твојата љубов, добрина, пожртвуваност и за тоа што секогаш си тука кога е потребно.
Горд сум што можам да те нарекувам своја мајка, но уште посреќен сум што можам да те нарекувам пријател и дел од моето најблиско семејство. ❤️
Ти посакувам, пред сè, здравје, среќа, мир и уште многу години исполнети со љубов, насмевки, убави песни и луѓе кои те сакаат.
Те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден! ❤️🥂🎂
Те бакнува зетот ❤️“.