• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Не заборавајте од каде доаѓате“: Студентка по дипломирањето сними фотосесија во нивата каде работела со родителите

14 октомври 2021, 08:47
  • cподели

Студентка сними фотосесија во нива за да им оддаде почит на своите корени и на родителите кои се занимавале со земјоделска работа за да го издржуваат семејството.

21-годишната Џенифер Роча дипломира на Универзитетот во Калифорнија и се врати на нивата каде што и самата таа работела покрај мајка си, татко си и сестрите, во текот на средношколските денови. Преку емотивните фотографии таа порачува дека напорната работа секогаш се исплаќа и дека луѓето не треба да забораваат од каде доаѓаат.

Џенифер Роча Џенифер Роча

Родителите на Џенифер се имигранти од Мексико во САД. Тие не добиле можност да се образоваат, бидејќи морале да работат за да го прехранат семејството и да им овозможат нормален живот на ќерките.

„Сакав да се вратам назад на нивата, бидејќи тоа ме оформи како личност и ми даде причина за да се насочам кон високо образование. Лекцијата на татко ми за нас, неговите три девојчиња беше: ‘Еј, ако немате високо образование, тука ќе завршите цел живот’.“

„Тоа што доаѓав од семејство на земјоделци ме мотивираше да работам напорно. Нашите родители нè носеа мене и моите сестри во нивата за да разбереме колку е тешка физичката работа“ – рекла Џенифер.

Џенифер Роча Џенифер Роча

„Татко ми одлучи да ме земе да работам на нива кога бев прва година во средно училиште“ – рекла младата девојка, која по часовите тренирала атлетика.

„Тој ќе ме земеше од тренинг во 14-15 часот попладне, па ќе одевме дома, ќе касневме нешто и ќе се преслечевме. Потоа одевме да садиме јаготки цела вечер до 2-3 часот наутро. Потоа ќе се вратевме, ќе се истуширавме, ќе поспиевме и се будевме во 5:30 или 6 часот за да се подготвам за на училиште и да го фатам училишниот автобус кој не смеев да го пропуштам“ – објаснила Џенифер.

Џенифер Роча Џенифер Роча

„Им се восхитував на земјоделците, бидејќи тие продолжуваа да работат и покрај болките во грбот, додека мувите, комарците и бубачките им лазеа по лицето и им влегуваа во очите. Никој не знае што се случува зад зеленчукот што го купувате во продавница. Но, зад него, некој си го превиткува грбот секој ден работејќи во нива“ – додава таа.

Нејзините родители не можеле да си дозволат да плаќаат студентски дом, па таа морала да студира, да работи 2 работи, да патува и да работи на нива со родителите.

„Многупати сакав да се откажам, но моите родители и нивната поддршка и советите беа причината што секогаш продолжував. Ако моите родители не ме воспитаа вака, немаше да бидам она што сум денес. Работата во нива ми помогна да оформам друг тип на карактер. Карактер кој не се откажува, кој е непоколеблив и доволно силен за да ги издржи ризиците кои доаѓаат со таа работа“ – вели Џенифер и порачува:

„Работете напорно и продолжете да ги правите родителите горди. Никогаш не заборавајте од каде доаѓате“.

Џенифер Роча
Tags
инспиративно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.