• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Не сум пријателка со предавници“: Џоан Смолс проговори за љубовната драма со Кендис Сванапул и Том Брејди

26 ноември 2026, 11:13
  • cподели

По 15 години пријателство, Џоан Смолс и Кендис Сванапул ги прекинаа сите контакти поради маж.

38-годишната манекенка во подкастот „The Cutting Room Floor“ потврди дека причина за распадот на нивното пријателство била романтичната врска на Кендис со Том Брејди, поранешниот сопруг на супермоделот Жизел Бундшен.

Смолс сподели дека претходно таа се состанувала со него и многу ја повредило предавството од личност на која ѝ верувала.

Нарушените односи меѓу двете манекенки станаа тема на шпекулации уште по овогодишната модна ревија на Victoria’s Secret, на која фановите забележаа дека тие воопшто не се фотографирале заедно. Сомнежите дополнително се засилија откако Смолс ги избриша сите фотографии со Сванапул од својот Instagram профил и престана да ја следи.

Во разговорот со водителката Речо Омонд, Смолс искрено проговори за причините за нивната разделба.

„Вистина е. Јас сама го пријавив тоа“ – одговори таа кога беше запрашана дали е точно дека двете повеќе не се фотографираат заедно.

„Ги отстранив сите фотографии со неа од мојот Instagram и престанав да ја следам пред неколку месеци. Не сум пријателка со предавници“ – рече таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Cutting Room Floor (@thecuttingroomfloor)

Смолс потврди дека пријателството со Сванапул завршило во април годинава, а кога водителката директно ја праша дали причината е Том Брејди, таа одговори:

„За жал, тоа беше катализаторот.“

Џоан откри дека се гледала со поранешниот играч на американски фудбал 8 месеци, иако нивната врска на интернет била опишувана како кратка авантура.

„Ако имам пријателство подолго од 15 години, во кое сум ранлива пред тебе, имаме многу интимни разговори, сме се поддржувале и сме поминале низ подеми и падови, тогаш ти ги знаеш моите врски, ситуации и луѓето со кои сум излегувала. Ти доверував работи и никогаш претходно немало преклопување“ – објасни Смолс, која била многу повредена бидејќи Сванапул знаела многу детали за нејзиниот однос со Брејди, па дури ѝ помагала да составува пораки за да му ги испрати на поранешниот спортист.

„Таа знаеше интимни работи. Можеби на моја штета, споделив премногу. Едноставно бев отворена со пријателка за која мислев дека е безбедно место“ – рече Смолс.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Cutting Room Floor (@thecuttingroomfloor)

Џоан откри дека 3 месеци откако престанала да се гледа со Брејди, добила порака од Сванапул дека сака да разговараат.

„Мојата интуиција ми кажа за што станува збор. Знаев дека разговорот ќе биде за него“ – раскажа таа.

Кога Сванапул ѝ признала дека сака да ја истражи својата врска со Брејди, Смолс била шокирана.

„Бев збунета и останав без зборови“ – откри таа.

Според нејзиното тврдење, Сванапул се обидела да ги оправда своите постапки, притоа намалувајќи го значењето на нејзиниот однос со Брејди.

„Се однесуваше како тоа што го имав јас да не било валидно или да било нешто случајно. Почна да го намалува значењето на моето искуство за да се чувствува подобро во врска со ситуацијата. Тоа најмногу ме налути... Ме лажеше за ова еден месец“ – рече Смолс и додаде дека Кендис ѝ се извинила, но и покрај тоа одлучила да влезе во врска со Брејди.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by The Cutting Room Floor (@thecuttingroomfloor)

Колку биле блиски тие претходно покажува и фактот дека планирале заедно да купат куќа за одмор.

Сепак, Смолс смета дека ова искуство ѝ покажало дека долгогодишното пријателство не е гаранција за лојалност.

„Она што го научив од ова искуство е дека историјата не гарантира лојалност“ – рече таа.

Иако Том Брејди е во центарот на приказната, Смолс нагласи дека нејзината болка не е само поради романтичната ситуација, туку и поради губењето на пријателството во кое верувала.

„Не знам што виде таа во ова, па сметаше дека вреди да го жртвува нашето пријателство. Се надевам дека ќе го добие она што го сака и дека вредеше“ – додаде таа.

„На интернет сите се фокусираа на Брејди, но за мене ова е повеќе за жалењето по пријателство за кое мислев дека ќе трае засекогаш“ – заклучи Смолс.

Кендис досега не одговорила на најновите тврдења на поранешната пријателка. Нејзиниот претставник претходно изјави дека двете имаат долгогодишна историја и дека Сванапул секогаш ќе го почитува нивното пријателство.

Брејди беше во брак со Бундшен 13 години, од 2009 до 2022 година и заедно имаат 2 деца. И Кендис има 2 деца од врската со Херман Николи.

Жизел Бундшен и Том Брејди

Tags
Џоан Смолс
Кендис Сванапул
Том Брејди

Најнови

  • „Не сум пријателка со предавници“: Џоан Смолс проговори за љубовната драма со Кендис Сванапул и Том Брејди

    Thu, 11/26/2026 - 11:13
  • Србинка истрча полумаратон само еден месец по раѓањето на синчето со царски рез

    Thu, 11/26/2026 - 11:00
  • Д-р Силвана Наунова Тимовска: „Стапката на доење од над 80% падна под 60%, некои мајки не сакаат да дојат“

    Thu, 11/26/2026 - 10:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.