• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не се врати дома од училиште. Нема да се врати никогаш“: Трогателна порака од мајка на две деца од Србија

4 мај 2023, 11:15
  • cподели

Тагата ги обви срцата на сите оние кои изгубија свои блиски во масакрот во белградското училиште. Но, и целиот Балкан не остана рамнодушен на трагичниот настан.

Пораки за сочувство, потресни статуси и приказни за врсничко насилство се споделуваат на социјалните мрежи.

трагедија

Текст на мајка на две деца од Србија привлече големо внимание. Прочитајте го емотивниот пост на Маја Котличиќ:

Само уште пет минути. Потоа стана, ги изми забите и го спакува сендвичот кој ѝ го направила нејзината мајка. Нејзиниот омилен.

Влезе во своето училиште, во својата училница, седна во својата купа. Со своите другарчиња.

Гласот сè уште ѝ беше утрински зарипнат, не стигна ни да раскаже каде била за 1 Мај. Не го изеде ни сендвичот.

Не се врати дома од училиште. Нема да се врати никогаш.

Не ми е гајле дали системот потфрли. И како да е важно кој е крив. Ако ти треба одговор.

Еве го.

Сите.

Пред да почнеш да го вперуваш прстот кон другите, можеш сепак да си го ставиш на чело.

И да го прашаш оној малиот во комшилукот каков му беше денот. И неа да ѝ кажеш дека очилата со диоптер ѝ стојат феноменално. И кога детето ќе ти кажува што му се случило, навистина сослушај го.

Тој не е добар затоа што молчи. Тој молчи затоа што не му е добро.

Бидејќи сè ќе биде во ред. Сè додека еден ден не биде.

View this post on Instagram

A post shared by Maja Kotlicic (@majakotlicic)

View this post on Instagram

A post shared by Zagreb.info (@zagreb.info)

Tags
масакр во Србија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.