• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Не се срамам што сум дете од село. Нема да заборавам од каде доаѓам“: Тиктокерот Динев сними видео на нива во родното село

6 март 2026, 10:11
  • cподели

Александар Динев сними видео во селото во коешто порасна и испрати силна порака дека се гордее со своето потекло и вредностите кои ги научил таму.

Популарниот македонски тиктокер ја одведе девојката Евче во родното село Балинци, Валандово, и покажа како изгледал животот на нива со неговото семејство.

Динев беше на нива со своите родители, помагајќи во собирањето зелка, а оттаму сподели албум фотографии. Преку емотивен опис, кој му донесе аплаузи и поддршка, тој искрено зборува за патот кој го поминал, потенцирајќи дека токму „валканите раце од работа“ го направиле човекот кој е денес.

Неговата објава ја пренесуваме во целост:

Не ми се верува дека некогаш ми било срам да кажам дека сум дете од село.

Денес… тоа е една од работите на кои сум најгорд.

Пораснав во Село Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете се валкаат од работа, а срцето се полни од едноставни работи. Чист воздух, природа, животни, фамилија… работи што како дете ги земав здраво за готово.

Дури кога заминав, сфатив колку вредат.

На 18 години направив храбар чекор и се преселив во Скопје. Град што ми даде можности, искуства, нови луѓе и простор да растам како личност. Тука научив многу работи. Научив да сонувам поголемо, да грешам, да се борам и да станувам повторно.

Но колку повеќе време поминува… толку повеќе ми фали дома.

Затоа што колку и да одиш напред во животот, има едно место што секогаш останува дел од тебе. Местото од каде што почнува твојата приказна.

Денес повторно бев на нива со моите. Собиравме зелка, се смеевме, работевме заедно… и си помислив нешто.

Ако доаѓаш од мало место, тоа не значи дека си ограничен.
Напротив.

Тоа значи дека си пораснал со вредности што не се учат во книги…работа, трпение, благодарност и љубов кон семејството.

И колку и да одам напред… никогаш нема да заборавам од каде доаѓам.

Затоа што токму таму почнува мојата приказна.

И токму таму секогаш ќе биде мојот дом. 💛

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

ФОТО: Александар Динев (Instagram)
Tags
Александар Динев

Најнови

  • Маја Ацевска, претседателка на Кризниот центар „Надеж“

    „Кога жртвата еднаш ќе се разочара, често се повлекува и останува сама“: Маја Ацевска за семејното насилство

    Fri, 03/06/2026 - 23:10
  • Рајан Гослинг пред камери ја изненади сопругата Ева Мендес за роденденот иако секогаш се кријат од јавноста

    Fri, 03/06/2026 - 12:54
  • Imlek Oaza

    Посно на трпеза со Имлек Оаза

    Fri, 03/06/2026 - 11:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.