• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Не постои здодевен момент“: Имаат три пара близнаци кои слават роденден на ист датум

11 април 2017, 13:53
  • cподели

Уште од мало девојче, Кери Косински посакувала да има големо семејство со многу деца. Кога докторите ѝ соопштиле дека со сопругот не можат да имаат свои деца по природен пат поради ендометриоза, таа веднаш одлучила дека сака да посвои.

Во јули 2013 година нивна познаничка од САД, која била неколку месеци бремена, ги контактирала преку Facebook за да ги праша дали ќе ги посвојат децата кои ги носела. Таа веќе била мајка на уште едни близнаци родени на 28 февруари 2013 година.

Кери и сопругот Крег се согласиле без размислување. Близнаците Адалин и Кена исто така се родиле на 28 февруари 2014 година и веднаш биле посвоени од среќниот пар. Но, една година подоцна, ги очекувало уште едно изненадување.

Семејство Косински Семејство Косински Семејство Косински

„Една година откако го посвоивме помалиот пар близнаци, бевме повторно контактирани од мајката, која ни рече дека не е во добра финансиска состојба и... нè праша дали ќе го земеме и постариот пар близнаци“ – објаснила Кери.

И овој пат тие се согласиле и станале законски старатели на близнаците Џеј Џеј и СиСи, кои сега имаат 4 години.

Сепак, судбината немала намера да го остави семејството со само шест члена. Неколку месеци по посвојувањето на вторите близнаци, благодарение на постапка за инвитро оплодување, парот дознал дека ќе добие свои близнаци.

Семејство Косински Семејство Косински Семејство Косински

Близначките Клариса и Керолајн непланирано се родиле предвреме, во 24. недела од бременоста со итен царски рез. Тие тежеле само 630 грама и како последица на тоа имаат проблеми во развојот. Датумот на раѓање бил 28 февруари.

„Сите три пара близнаци се родени со итен царски рез. Честопати ме прашуваат дали беше планирано. Не планирав тие да се родат во 24. недела од бременоста“ – објаснува мајката.

„Тие за малку немаше да преживеат. Дефинитивно тие се наши мали чуда“ – вели Кери, која и самата е посвоена.

„Не постои здодевен момент во мојата куќа“.

„Посвојувањето ти го менува животот засекогаш“ – додава таа.

Семејство Косински
Tags
близнаци

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.