• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не можеме да бараме од децата да бидат љубезни и без агресија, ако ние им покажуваме спротивно“: Силна порака на Вики Чадиковска

1 јули 2026, 19:32
  • cподели
Вики Чадиковска

Вики Чадиковска објави моќен статус со кој предупредува дека агресијата кај децата не се појавува сама од себе и е одраз на говорот и однесувањето кои секојдневно ги гледаат кај возрасните.

Во пораката, познатата новинарка посочува дека говорот на омраза не останува само на интернет и се претвора во модел на комуникација кој децата го усвојуваат. Таа се осврнува и на навредите и омаловажувањата упатени кон починатиот музичар Владо Јаневски.

Нејзината објава:

Најстрашниот говор на омраза, не е оној што го читаме. За жал, најстрашен е оној говор што го учат нашите деца.

Учат дека е нормално да се навредува човек затоа што има поинакво мислење. Дека е дозволено да се понижува нечиј изглед, професија или достоинство. Дека зад екранот нема одговорност. Но, има. Особено кога зборовите доаѓаат од луѓе што ги следат илјадници. Од јавни личности. Од инфлуенсери. Од новинари, јавни личности, но и од политичари. Тие не се само носители на функции. Тие се пример. И секој нивен збор, секоја навреда, секоја омаловажувачка објава или поттикнување на поделби станува порака дека таквата комуникација е прифатлива.

Кога политичката дебата ќе се претвори во говор на омраза, кога аргументите ќе ги заменат навредите, а почитта ќе ја замени понижувањето, најголемата цена не ја плаќаат политичарите. Ја плаќаат децата.

Затоа што тие растат со впечаток дека моќта се покажува со навреда, а не со достоинство. Дека најгласниот е во право. Дека различното мислење не се почитува, туку се напаѓа. Не можеме да бараме од децата да бидат љубезни и без агресија, ако ние, возрасните како нивен филтер, особено тие што имаат јавна моќ и влијание, секој ден правиме и  покажуваме спротивно. Со секој навредлив коментар, со секоја пцовка, со секое понижување напишано зад тастатура, некој мисли дека победил во расправија.

Но, факт е дека всушност, губиме сите. Затоа што нашите деца гледаат. И учат. За жал, како не треба.  Учат дека е нормално да се навредува човек, затоа што има поинакво мислење, различно од нашето. Учат дека е дозволено да се понижува нечиј изглед, успех, професија или семејство. Дека зад екранот нема последици. А има. 

Вербалниот товар од говорот на омраза е посилен и поефективен. Зборовите оставаат траги. Понекогаш подлабоки од секоја физичка повреда.

Дете кое секојдневно расте опкружено со омраза на социјалните мрежи, полека почнува да верува дека тоа е нормалниот начин на комуникација. Дека сочувството е слабост, а навредата е сила. Дека повредувањето  е нормално и прифатливо, а не штетно. 

Не можеме да бараме децата да бидат љубезни, ако ние возрасните секој ден им покажуваме спротивно. Социјалните мрежи се огледало на нашето општество. А децата се исклучиво наше огледало.

Пред да напишеме коментар полн со гнев, вреди да си поставиме само едно прашање: Дали би сакал(а) моето дете утре да ги користи истите зборови? 

Ако одговорот е „не“, тогаш многу веројатно, токму ние сме тие кои треба да ја почнат промената. Затоа што секој збор што го оставаме на интернет е лекција што некое дете ја чита.

И токму затоа, јавниот збор никогаш не е „само збор“. Тој е лекција. Се' почесто сме сведоци на јавни тепачки на деца. Тоа е плод на акумилараната агресија од сеприсутниот говор на омраза на социјалните мрежи како медиумски платформи. 

Овие три дена повторно, за жал, бевме сведоци како дури и смртта не е доволна за да го замолчи говорот на омраза. Наместо достоинствено простување, се појавија навреди, етикетирања и коментари кон починатиот музичар- Владо Јаневски. Кога различноста станува причина да се изгуби почитта кон човечкото достоинство, тогаш веќе не зборуваме за суштинска дебата, туку за длабока општествена криза на вредности.

Не мора да се согласуваме со сите. Тоа е суштината на демократијата. Но, мора да научиме да не ја губиме човечноста. Зашто кога ќе ја изгубиме неа, губиме многу повеќе од една расправа на социјалните мрежи. Го губиме примерот што им го оставаме на нашите деца.

Tags
Вики Чадиковска

Најнови

  • Свадбата на Коста Костадинов

    „Ја крунисавме љубовта со брак, сега го чекаме Никола да дојде на овој свет“: Свадбените фотографии на Коста Костадинов

    Wed, 07/01/2026 - 20:30
  • Вики Чадиковска

    „Не можеме да бараме од децата да бидат љубезни и без агресија, ако ние им покажуваме спротивно“: Силна порака на Вики Чадиковска

    Wed, 07/01/2026 - 19:32
  • Фустанот е постар од неа, а ѝ стои како скроен по мерка: Зендаја во винтиџ креација од Армани

    Wed, 07/01/2026 - 15:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.