Втората дама на САД за малку ќе паднеше со бебенцето, критики за реакцијата на офицерите до неа
Уша Венс за малку ќе паднеше додека се симнуваше од хеликоптер заедно со бебенцето, кое има само 10 недели.
Сопругата на американскиот потпретседател Џејмс Венс го носеше синот Алек во носилка-кенгур кога се сопна на скалите. Во последен момент успеа да се фати за оградата и да се задржи.
Инцидентот кој се случи на воената база Ендрјус предизвика сериозни дебати на социјалните мрежи поради тоа што присутните офицери останаа целосно смирени и не мрднаа за да ѝ помогнат.
За среќа, Уша и бебето не се повредија.
Од хеликоптерот подоцна се симна Џејмс, кој ја носеше нивната четиригодишна ќерка Мирабел.
Семејството потоа продолжи кон летот за Алјаска, каде што потпретседателот има планирани активности во пресрет на изборите за Конгресот.
Ваквото однесување на војниците е поради строг воен протокол. Кога припадниците на воениот персонал се наоѓаат во формација или извршуваат свечен кордон, тие се обврзани да останат во став „мирно“. Според нивните правила, тие не смеат да реагираат на надворешни инциденти, освен ако тоа не е директна безбедносна закана.
За физичката безбедност и непосредна помош на семејството на потпретседателот е задолжена исклучиво нивната лична придружба од Тајната служба, а не војниците кои стојат како почесна стража.
Самата Уша Венс реагираше смирено, веднаш ја врати рамнотежата, го провери бебето и со насмевка им се обрати на офицерите, велејќи им дека е добра и дека сè е во ред.