• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Не е „само женски проблем“, туку болка која се враќа секој месец... Силна порака за животот со ендометриоза

18 март 2026, 10:53
  • cподели

Во месецот посветен на подигнување на свеста за ендометриозата, хрватското Здружение на жени заболени од ендометриоза „Јас сум 1 од 10“ сподели силна и емотивна порака на социјалните мрежи, со цел да ја доближи реалноста со која секојдневно се соочуваат илјадници жени.

Ендометриозата не е само „обична менструална болка“, туку хронична болест која може сериозно да го наруши квалитетот на животот, работната способност, менталното здравје и плодноста. И покрај тоа, многу жени со години остануваат недијагностицирани или нивната болка се игнорира или потценува.

Во продолжение ја пренесуваме нивната објава:

Не е „само менструација“.
Не е „само женски проблем“.
И сигурно не е претерување.

Ова е болка која се враќа.
Секој месец.
По секоја операција.
По секоја надеж дека можеби — е последен пат.

Ова е будење од анестезија во истата борба.
Ова се лузни кои никој не ги гледа.
Ова е тело кое мора да функционира додека одвнатре се распаѓа.

Ендометриозата е меѓу 10-те најсилни болки на светот.
А жените коишто живеат со неа — и понатаму работат, се грижат, сакаат, создаваат.
Во тишина.

Затоа зборуваме.
Затоа едуцираме.
Затоа се бориме „нормалната болка“ никогаш повеќе да не биде нормална.

Фала што гледаш.
Фала што не го вртиш погледот.

Ендометриозата е хронично, често и прогресивно заболување пратено со силна болка. Се јавува кај 10% од жените кои се во репродуктивна возраст. Околу 25-50% од неплодните жени имаат ендометриоза, а 30-50% од жените кои страдаат од ендометриоза имаат потешкотии со зачнувањето.

Оваа порака потсетува дека болеста не е само медицински проблем, туку и општествен. Болката честопати останува невидлива, но длабоко ја менува секојдневната реалност на жените кои живеат со неа.

Подигнувањето на свеста, навремената дијагноза и разбирањето од околината се клучни чекори кон подобар и подостоинствен живот за сите засегнати.
 

Tags
ендометриозата

Најнови

  • Песната „Дишам“ на ДААН

    „Дишам“ – новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по трагичниот настан во Кочани

    Wed, 03/18/2026 - 11:58
  • Мартија Станојковиќ

    „Порано сакав на сите да им се допаднам, денес ми е поважно да бидам искрена со себе“: Интервју со Мартија Станојковиќ

    Wed, 03/18/2026 - 11:15
  • Не е „само женски проблем“, туку болка која се враќа секој месец... Силна порака за животот со ендометриоза

    Wed, 03/18/2026 - 10:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.