Не чекав друг да направи промена: Градинарот со моќна порака за платформата „Иднина која инспирира“ на dm
Пред некое време сфатив нешто - дека многу чекаме некој друг да направи промена. А, јас решив да почнам сам, вели Андреј Рајатоски кој стои зад инстаграм профилот „Градинарот“, каде преку видеа од уредување и чистење запуштени јавни површини покажува дека и наједноставната иницијатива може да има силно влијание врз околината. Токму од оваа мисла започнуваат многу приказни што денес ја инспирираат заедницата - приказни за луѓе кои не чекаат промените да се случат сами, туку одлучуваат да го направат првиот чекор.
Неговиот волонтерски ангажман веќе е дел од платформата на dm „Иднина која инспирира“ – иницијатива создадена со цел да ги направи видливи личните примери на општествен ангажман и да ги охрабри сите оние кои сакаат да придонесат за подобра заедничка иднина. Платформата е наменета за поединци, здруженија, организации и непрофитни институции кои веруваат дека позитивните промени започнуваат од луѓето што се подготвени да одвојат време, внимание и грижа за другите.
- Почнав да средувам запуштени дворови и јавни простори затоа што не сакав само да ги гледам како пропаѓаат, туку да направам нешто околу тоа. Искрено, на почеток мислев дека е мала работа, но со тек на време сфатив колку луѓето тоа ги инспирира. Една акција води до друга и одеднаш не си сам. Затоа многу ми се допаѓа платформата „Иднина која инспирира“ на dm, затоа што дава простор на секој еден од нас што сака да направи добро - вели Рајатоски.
Преку платформата, на овој линк, сите луѓе можат да ги споделат своите лични приказни за волонтерство и општествено одговорно дејствување, а со тоа да станат дел од заедница која инспирира и да покажат дека секој личен пример може да поттикне нови добри дела. Покрај поединците, на платформата, на овој линк, можат да се пријават и здруженија, организации и други форми на непрофитни институции со проекти што вклучуваат волонтерски ангажман на граѓаните или нудат јасно дефинирана можност за волонтерско учество. Проектите и индивидуалните активности можат да бидат пријавени во три клучни области: зајакнување на солидарноста и општествениот ангажман, поттикнување развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и одговорно дејствување во согласност со природата и одржливите практики.
Разликата меѓу двата начини на учество е јасна. Волонтерите и поединците преку „Иднина која инспирира“ добиваат простор да ја споделат својата лична приказна, да ја направат видлива својата иницијатива и да инспирираат други луѓе да се вклучат во промени. Пријавените проекти, пак, добиваат можност да бидат разгледани од стручно жири, а избраните иницијативи ќе бидат поддржани од dm со цел нивната реализација да добие дополнителна сила и пошироко влијание во заедницата.
Иницијативата „Иднина која инспирира“ тргнува од идејата дека иднината не е нешто што пасивно го чекаме, туку нешто што секојдневно го создаваме – преку солидарност, грижа, одговорност и подготвеност за дејствување. Токму затоа, dm создава простор во кој добрите лични примери стануваат инспирација за другите, а волонтерството добива уште посилно значење како двигател на позитивни промени.
- Стануваш дел од заедницата која создава промени. Не мора да е совршено, важно е да почнеш. Каква иднина сакаш ти да создадеш? – додава Рајатоски.
Споделувањето лични искуства и пријавувањето проекти на платформата „Иднина која инспирира“ ќе трае до 31 јули 2026 година, додека проектите што ќе ги поддржи dm ќе бидат објавени од септември 2026 година. Сите кои своето време, знаење и енергија ги вложуваат во подобра заедница можат да се вклучат и да станат дел од приказните што потсетуваат дека секој мал чекор може да инспирира голема промена.