• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Наздравете! Денес е Светскиот ден на пивото

7 август 2015, 10:53
  • cподели

Наздравете со ладно пиво и одбележете го Светскиот ден на пивото, кој секоја година се прославува на првиот петок од месец август.

Пиво

Овој неофицијален празник за првпат бил „основан“ во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија, а денес го имаат прифатено 207 града од 50 држави низ светот.

Зацртани се три цели за прославувањето на Меѓународниот ден на пивото:

  • Да се соберете со пријателите и да уживате во вкусот на пивото;
  • Да им оддадете почит на оние кои го произведуваат и го служат пивото;
  • Да се обедини светот под знакот на пивото, со тоа што ќе се слават пивата од сите нации во ист ден.

Цитати за пивото

„Пивото, ако се пие во умерени количини, го омекнува темпераментот, го разведрува духот и го подобрува здравјето.“
Томас Џеферсон

„Пивото е доказ дека Бог нè сака и сака да бидеме среќни.“
Бенџамин Френклин

Пиво

„Сите можат да пијат пиво, но потребна е интелигенција за да уживаш во пивото.“
Стивен Бомонт

„Мудар човек беше оној кој го измисли пивото.“
Платон

Пиво

„Многу е полесно да го започнеш денот кога знаеш дека ќе заврши со едно пиво... или две.“
Непознат автор

„Дајте ми жена која навистина сака пиво и јас ќе го освојам светот.“
Кајзер Вилхелм

Пиво

„Јас пијам пиво само во две пригоди. Кога ми е роденден и кога не ми е.“
Непознат автор

„Млекото е за бебиња. Кога ќе пораснеш, мора да пиеш пиво.“
Арнолд Шварценегер

Пиво

„Пивото не е одговорот. Пивото е прашањето. „Да“ е одговорот.“
Непознат автор

„Не постои лошо пиво. Некои само имаат подобар вкус од другите.“
Били Картер

Пиво

„Пивото, тоа е најдобриот проклет пијалак на светот.“
Џек Николсон

„Пријателите ти носат среќа во животот. Најдобрите пријатели носат пиво.“
Непознат автор

Наздравје!

Tags
светски ден

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.