• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Навистина сакам да живеам“: Готвачот Антонио, кој се бори со рак и пневмонија, замолува за помош

12 ноември 2024, 13:57
  • cподели

Антонио Јанковски има потреба од нашата помош.

Поранешниот водител на кулинарско шоу испрати апел преку социјалните мрежи и напиша дека поради спојувањето на ракот и пневмонијата, на него останале само коски.

Тој сподели фотографии на кои покажува како изгледа сега, исцрпен од долгогодишната борба со болеста.

Антонио Јанковски Антонио Јанковски Антонио Јанковски Антонио

„Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене.“

„Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“ – напиша тој.

На една од неговите фотографии стои:

Антонио Јанковски

Итна потреба од средства.

Мојата животна приказна во последно време.

Имам рак на црниот дроб и добив лоша инфекција на моите бели дробови која предизвика нивно оштетување. Не знам кое е полошо од двете. Во меѓувреме моите финансиски средства се потрошени до точка на гладување и ја изгубив целата моја тежина и не можам да работам, па морав да се откажам од болничкиот престој, затоа што не можам да си дозволам да плаќам за лекувањето и лекарствата кои ми се потребни...

Сметките се трупаат и сега мојата опција е да страдам и да се борам за воздух надвор од болницата, без грижата која ми е потребна и со кислородна поддршка. Сам на себе е пеколно тешко, па ако можете, ве молам да ми дадете мала поддршка за да бидам подобар. Навистина сакам да живеам и да уживам во животот како сите вас.

Ако сакате да помогнете, можете да го направите тоа на:

Стопанска Банка

200004050431223

Еве го апелот од GoFundMe:

Мојот 39-годишен братучед Антонио Јанковски, кој со години работеше како кувар боледува од рак на црниот дроб. Ракот е агресивен и се проширува многу брзо. Му требаат многу третмани и медикаменти за да се опорави. Нема работено подолго време поради болеста и не е способен за работа. Моментално е на кислородна поддршка со кислородна боца која и таа ја има добиено преку донации.

Тој инфекцијата и оштетувањето ги добил во Дубровник. Пред некоја сезона беше на циклус хемотерапија и имуниот систем му паднал и се развила бронхопнеувмонија која многу му го оштетила левото белодробно крило, но исто така има и оштетување на долниот дел на десното белодробно крило. Поради тоа не може да дише самостојно и цело време е на кислородна поддршка со кислородна боца.

Моментално е едвај 50кг, па не е способен сам да стане и му треба помош од трето лице за да го крене или држи. Тој треба да продолжи со зрачење на Клиниката за онкологија, но поради тоа што тој нема веќе можности во моментов ние сме му повеќе од потребни.
Ве замолувам хумани луѓе, се работи за млад живот. Кој колку може да помогнеме на Антонио, за да го спасиме неговиот живот.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.