Наташа Малинкова се препушти на летно уживање.
42-годишната поп пејачка слободните денови ги искористи за одмор со сопругот и двете ќерки во Грција.
Македонската музичарка позираше во бикини и бел летен фустан, а нејзината ќерка Султана сними фотосесија на истото место како и мајка си.
Султана објави и видео со сестра си Емилија и ги покажа модните комбинации кои ги избра за забавното патување во Грција.