Насмевки со Инес, мигови со мама и љубов со Михаил: Каролина Гочева низ фотографии го сумира убавиот септември
Каролина Гочева го испрати септември со галерија од убави моменти кои ѝ го одбележаа изминатиот месец.
Македонската пејачка на Instagram сподели низа фотографии од своето секојдневие, патувањата и дружењата со најблиските и заклучи: „Септември беше убав“.
Во фото-дневникот се најдоа кадри од нејзините пилатес тренинзи, но и нежни семејни моменти со внуката Инес, со која Каролина е исклучително блиска. Во дел од галеријата е и нејзината мајка, а пејачката не пропушти да вклучи и моменти поминати со сопругот Михаил Корубин.
Посебно место во септемвриските спомени зазема Прага. Каролина сподели фотографии од прошетките низ чешката метропола, како и впечатлив кадар од полната месечина над градот.
Меѓу приватните моменти се провлекуваат и кадри од нејзиниот професионален свет.
„Утра кај @a_n_g_e_l_a__d__f_i_t 💪🏻 Дружби со ИнеФче 🥰 А и со баба му ☺️ Полна месечина над Прага 🌕 И јас низ Прага ☺️ 🎂🎈 Yess I do 💕“ – напиша таа покрај фотографиите.
Со насмевки, семејни прегратки, патување, музика и моменти посветени на себе, септември очигледно ѝ донесе многу убави спомени.