• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

3 март 2026, 13:55
  • cподели

Драган Спасов-Дац го крена својот глас против семејното насилство.

Македонскиот актер не остана рамнодушен на вчерашната трагедија во Скопје, како и на најновите информации дека насилникот ја тепал жртвата истиот ден која таа загина со ќерката по пад од балкон.

На Facebook, тој порача дека семејството треба да биде најбезбедното место за секого и дека како општество, мораме да ставиме крај на насилството.

„Семејството треба да биде засолниште. Место каде што зборот лечи, а не повредува. Каде што рацете гушкаат, а не удираат“ – стои меѓу другото во неговата порака.

Еве ја во целост:

Семејството треба да биде засолниште.

Место каде што зборот лечи, а не повредува.

Каде што рацете гушкаат, а не удираат.

Семејното насилство не започнува со модринка.

Започнува со навреда, со понижување, со тишина што боли.

Со „извини“ што премногу често се повторува.

Љубовта не е страв.

Љубовта не е контрола.

Љубовта не остава лузни ни на телото, ни на душата.

Да молчиш не значи дека си силен.

Да трпиш не значи дека е нормално.

Да побараш помош значи дека се сакаш себеси доволно за да ставиш крај.

Да ги учиме децата дека почитта е поважна од егото.

Дека разговорот е посилен од викот.

Дека домот е место на сигурност, а не на страв.

Ако некој страда немој да вртиш глава.

Понекогаш една порака "Добро ли си?" може да спаси живот.

Насилството не е приватна работа.

Тоа е рана на целото општество.

И лекувањето започнува со храброст, мора да се каже „ДОСТА!“

Tags
Драган Спасов-Дац

Најнови

  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • „Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

    Tue, 03/03/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.