• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата

10 март 2022, 14:40
  • cподели

Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.

- Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува - истакнуваат од компанијата.

Макпетрол

Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење на ниска цена на горивата, како социјална категорија. Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво.

Tags
Макпетрол

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.