• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Најтешкиот период“: Викторија Бекам за првпат проговори за аферата на Дејвид која им го разниша бракот

4 октомври 2023, 11:30
  • cподели

Во документарната серија „Beckham“ ќе се откријат многу детали за животот на семејството Бекам.

Викторија за првпат се отвори за болката која ја претрпе во 2003 година по избивањето на скандалот дека Дејвид ја изневерува со Ребека Лус.

„Тоа 100% беше најтешкиот период за нас, бидејќи чувствувавме како светот да е против нас. Но, ако треба да бидам потполно искрена и ние бевме еден против друг. Сè до Мадрид, чувствував како да сме ние против сите, бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг. Но кога бевме во Шпанија, не чувствувавме како да се имаме еден со друг. И тоа е тажно“ – вели познатата дизајнерка.

Бекам

Пред две децении, Ребека јавно зборуваше дека четири месеци имала афера со Дејвид и овој скандал стана фокус на многу медиумски наслови. Во тоа време, таа беше негова лична асистентка.

Бекам Бекам

„Дали го презирав Дејвид? Ако сум комплетно искрена, да. Тогаш веројатно бев најнесреќна во животот“ – признала Викторија.

Во интервјуто, Дејвид отворено изјавил дека не знае како го издржаа тој стресен период.

„Кога се преселив во Шпанија, беше тешко бидејќи бев дел од еден клуб од една фамилија цел живот, од 15 до 27 години. И продаден сум преку ноќ, следната минута сум во град кој не го знам, со јазик кој не го познавам и најважно ја немав мојата фамилија“ – изјави поранешниот фудбалер.

„Секојпат кога ќе се разбудевме чувствувавме како да има нешто. Сметам дека и двајцата не чувствуваме како да се губиме еден со друг, туку како да се давиме под вода.“

„Не знам како го преживеавме тоа. Искрено не знам како преминавме преку тоа. Викторија ми е сè. Кога ја гледав повредена за мене беше навистина тешко, но ние сме борци. И во тоа време требаше да се бориме за нас, да се бориме за нашата фамилија. А тоа што го имавме, беше вредно за борба“ – дополнил тој.

Бекам

Во тоа време, Ребека заработи цело богатство, гостувајќи во ТВ интервјуа во кои зборуваше за аферата со славниот спортист.

Синоќа, се одржа премиерата на документарецот, а парот сподели забавни фотографии на Instagram. „Сè уште успевам да ја насмеам со моето танување и 26 години подоцна“ - се пошегува Дејвид.

Бекам Бекам
View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Tags
Викторија Бекам
Дејвид Бекам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.