• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Најстарите идентични близначки и по 103 години се неразделни

23 февруари 2015, 14:51
  • cподели

Запознајте ги најстарите идентични близначки на светот, Гленис Томас и Флоренс Дејвис, кои во текот на своите 103 години живот никогаш не биле долго време разделени една од друга. Нивната љубов и силна поврзаност ниту малку не се променила со годините.

Гленис Томас и Флоренс ДејвисГленис Томас и Флоренс Дејвис

Долговечните сестри се родени на 22 ноември 1911 година во селото Абертридвр во Јужен Велс. Гленис и Флоренс заедно преживеале две светски војни, но во ниту еден момент не ја напуштиле својата татковина и цврсто стоеле една покрај друга.

Гленис и ФлоренсГленис и Флоренс на седум години

Ќерката на Гленис, Гвенда, смета дека тајната за долгиот живот на нејзината мајка и на тетка ѝ е во тивкиот и мирен живот кој го воделе и во малите задоволства. „Тие живеат едноставен живот. Ниту мајка ми, ниту тетка ми не умеат да возат. Тие никогаш немаат излезено надвор од земјата, но секогаш биле најсреќни заедно“ – рекла таа во интервју за The Daily Mail.

Кога биле млади, близначките воделе многу чесен и религиозен живот, а заработувале како куќни помошнички во домовите на богатите.

Семејниот дом прва го напуштила Гленис, која се омажила во 1932 година. Откако станало јасно дека со сопругот не можат да имаат деца, тие ја посвоиле Гвенда. Денес, Гленис е баба на 3 внуци, 9 правнуци и 1 праправнук.

Гленис и сопруготГленис и сопругот на денот на свадбата

Флоренс пак, се омажила две години по сестра си и родила три деца, кои подоцна ѝ го збогатиле семејното стебло со девет внуци и 12 правнуци.

ФлоренсФлоренс со своето прво дете

Иако секоја од близначките тргнала по свој пат, тие постојано барале начини за да бидат заедно. За да биде покрај сестра си, еден ден Флоренс решила да купи куќа веднаш до домот на Гленис. „Тие живееја една покрај друга. Заедно ги растеа своите деца, одеа на шопинг, се дружеа и готвеа заедно. Тие го обожаваа добриот изглед и често купува исти аутфити“ – додала ќерката на Гленис.

Гленис и ФлоренсГленис и Флоренс на 68 години Гленис и ФлоренсНеразделните сестри на 70 години

Во моментов двете сестри се во Дом за стари лица поради компликации од деменција, но тие сè уште се неразделни, бидејќи се сместени во соседни соби и често се посетуваат една со друга. „Понекогаш делуваат како да се многу далеку со мислите и во најголем дел од времето не се сеќаваат на семејството. Но, тие сепак прашуваат една за друга. Нивната поврзаност е трајна и навистина долговечна“ – додала Гвенда.

Tags
близнаци
близначки
сестринска љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.