• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Најнова состојба: 22 новозаболени, 16 оздравени и еден смртен случај од коронавирус кај нас

16 мај 2020, 09:50
  • cподели

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19. Позитивните лица се од Скопје (9), Куманово (1), Прилеп (4), Тетово (6), Велес (1) и Охрид (1).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје (8), Прилеп (2), Струга (2), Велес (2), Гостивар (1) и Кратово (1). Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Tags
коронавирус
Македонија

Најнови

  • Гласајте до 27 септември и изберете каква промена сакате да поддржите преку „Иднина која инспирира“ на dm

    Mon, 09/21/2026 - 14:25
  • Влезе во Топ 10: Октај Сејди самоуверено продефилира на пистата на Mister International, облече и македонска народна носија

    Mon, 09/21/2026 - 13:45
  • Мартија Станојковиќ атрактивна гостинка на свадба неколку месеци откако раскина со дечкото

    Mon, 09/21/2026 - 12:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.