Најмалку 270 мртви, над 1.500 исчезнати: Страшни сцени по катастрофалната поплава во Непал која звучела како експлозија
Ужасни последици остави зад себе катастрофалната поплава која ги погоди Непал и пограничниот регион со Тибет.
Најмалку 270 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се водат за исчезнати додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани.
Поплавата урнала мостови, оштетила патишта и згради и оставила големи површини покриени со вода, кал и урнатини.
Потресните снимки од погодените места покажуваат луѓе како во паника бегаат кон повисоките делови и се искачуваат на покриви за да се спасат од водата. На други снимки се гледаат спасувачи кои извлекуваат преживеани покриени со кал, додека цели делови од патиштата се претворени во огромни наноси од земја и отпад.
Преживеаните сведочат дека водата надојденала без предупредување и за само неколку моменти го претворила подрачјето во хаос.
„Поплавата дојде ненадејно и експлодираше како бомба. Реката оддалеку изгледаше мала, но одеднаш почна да се излева и го збриша ова место“ – раскажал преживеаниот Јанак Бахадур за Reuters.
Меѓу исчезнатите има стотици странски државјани. Непалските власти соопштија дека повеќе од 800 лица се водат за исчезнати на нивна територија, меѓу кои и голем број туристи. На тибетската страна се пријавени уште стотици исчезнати.
Најновите проценки укажуваат дека поплавата најверојатно била предизвикана од одвојување на огромна ледена маса од глечер, која при падот предизвикала силен порој од вода, мраз, камења и кал.
Но, стравувањата не престануваат. Се смета дека големите количества урнатини можат да ги блокираат речните текови и да создадат услови за нови поплави и одрони.
Додека спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ калта и урнатините, семејствата на исчезнатите очајно чекаат вести за своите најблиски.
The Nepal Army is carrying out rescue operations in these challenging conditions, with a Nepal Air Force helicopter helping evacuate those stranded by the devastating floods.#Nepal #NepalFloods pic.twitter.com/YIdVhOzRYb
— Sumit (@Sumishiv1406) August 26, 2026