• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Најинтересното од MTV видео музичките награди

13 септември 2010, 13:53
  • cподели

Како што знаете, вчера се одржа доделувањето на Видео музичките награди на MTV. Еве неколку од најинтересните моменти на вечерта.

Еминем и Ријана

Еминем го исполни неговиот хит „Not Afraid“, за којшто освои награда за Најдобро видео на машки изведувач и Најдобро хип-хоп видео. А потоа, на сцената му се придружи и Ријана, за заедно да ја изведат популарната „Love the Way You Lie“.

Лејди Гага vs. Шер

Лејди Гага освои 8 награди, меѓу кои и наградата за Видео на годината. Шер го презентираше победникот во оваа категорија облечена во проѕирна облека.

И ако мислевте дека имате видено сè од модата на Лејди Гага, се лажете. Таа се појави на сцената за да ја прими статуетката облечена во контроверзен фустан од месо и го започна својот говор со зборовите: „Никогаш не сум помислила дека ќе треба да ја замолам Шер да ми ја подржи чантата од месо“.

Потоа, останувајќи доследна на ветувањето, Гага објави дека нејзиниот нареден албум ќе биде насловен „Born This Way“ и запеа неколку стихови од него, со кои ги воодушеви своите обожаватели.

Дрејк, Мери Џеј Блајџ и Свиз Биц

Дрејк ја доби поддршката на Мери Џеј Блајџ и Свиз Биц и заедно ја изведоа песната „Fancy“. Нивното појавување на сцена беше најавено од актерите на филмот „The Social Network“, вклучително и Џастин Тимберлејк.

Џастин Бибер

Додека сите други славни учесници настапија на сцената на Нокиа театарот во Лос Анџелес, Џастин Бибер избра да настапи надвор. Тој дојде до сцената во црвен автомобил по кој трчаа многу негови обожавателки и ги изведе песните „Baby“ и „Somebody to Love“, а на крајот ги почести присутните со соло настап на тапани.

Кание Вест / Тејлор Свифт

Минатата година, краток дел од манифестацијата на доделувањето на MTV VMA наградите Тејлор Свифт и Кание Вест се најдоа заедно на сцената. Тогаш тој го грабна микрофонот од рацете на 20-годишната пејачка и тоа беше еден од најозборуваните скандали.

Оваа година и Тејлор и Кание настапија на свечената церемонија, но не се сретнаа на сцената. Тејлор ја исполни новата песна „Innocent“, која неофицијално беше наменета за Кание, а тој настапи со новата „Runaway“.

Tags
MTV VMA

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.