• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Најголемото семејство на светот: маж има 39 жени, 94 деца и 33 внуци

20 февруари 2011, 16:23
  • cподели

Запознајте го најголемото семејство на светот! Семејството на Зиона Чана брои 181 член. 67-годишниот Индиец има 39 жени, 94 деца, 33 внуци и 14 снаи, а сите тие живеат под еден покрив.

Наголемото семејство на светотНаголемото семејство на светот

„Денес се чувствувам како специјално дете на Господ. Тој ми има дадено толку многу луѓе за кои се грижам. Се сметам за среќен што сум сопруг на 39 жени и глава на најголемото семејство на светот“ – изјавил Чана.

5-катната куќа5-катната куќа во која живее Чана со неговото семејство

Најголемото семејство живее во огромна 5-катна куќа со 100 соби. Сопругите на Чана спијат во заеднички спални, а тој има своја соба со голем кревет. Најмладата сопруга е сместена најблиску со спалната, а највозрасната – најдалеку. Сопругите ротираат за да можат сите да поминат одредено време во спалната на Чана.

Чана со неговите сопругиЧана со неговите сопруги

Очигледно сево ова не им смета на 39-те сопруги. Една од сопругите на Чана, 35-годишната Ринкмини, изјавила дека Чана е најважната личност во куќата и дека тој е најзгодниот маж во селото. Друга пак изјавила дека семејството функционира со взаемна почит и љубов.

Спална соба за сопругитеСпална соба за сопругите

Во семејството владее речиси војничка дисциплина. Најстарата сопруга на Чана, 69-годишната Затианги, ги организира останатите жени при извршувањето на домашните обврски како чистење, перење и подготвување на оброци.

А готвењето сигурно е тешка задача, затоа што на големото семејство му е потребна многу храна. За да приготват една вечера, 39-те жени готват 30 кокошки, 60 килограми компири и 100 килограми ориз.

Некои од сопругите на Чана со храната потребна за една вечераНекои од сопругите на Чана со храната потребна за една вечера

Чана е раководител на секта која им дозволува на своите членови да имаат колку што сакаат жени. Една година тој се оженил дури со 10 жени.

Голем дел од членовите на семејството се столари кои собираат дрва од џунглата и изработуваат мебел.

Tags
чуден свет
големо семејство

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.