Најголемиот фан на Ѓоковиќ: Стефан страсно навива за татко си Новак од трибините на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ има огромна поддршка на своите натпревари.
За време на меч на Вимблдон, неговиот син Стефан страсно навиваше и го бодреше од трибините, а овие моменти беа уловени на камера.
За разлика од сопругата на Новак, Јелена, која со посмирен и концентриран израз го следеше секој потег, Стефан едноставно не можеше да ги сокрие емоциите. 11-годишното момче го охрабруваше татко си и му испраќаше позитивна енергија во клучните моменти од натпреварот.
Во публиката, Стефан беше со мајка си Јелена и сестричката Тара и сите беа облечени во бело.