• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Најдобриот божиќен подарок“: Ана Курникова и Енрике Иглесијас ја споделија првата фотографија од четирите деца

29 декември 2025, 09:06
  • cподели

Оваа празнична сезона ќе биде незаборавна за Ана Курникова и Енрике Иглесијас.

44-годишната поранешна тенисерка и 50-годишниот пејач се пресреќни по доаѓањето на четвртото дете во нивното семејство. Славниот пар ја сподели првата фотографија од сите деца и напиша: „Моите сонциња“.

Извор близок до парот за People изјавил дека тие уживаат во семејниот живот и дека обожаваат да поминуваат време со децата.

„Ана и Енрике го обожаваат семејниот живот и ќе ги поминат празниците со своето семејство. Ќе биде зафатено и хаотично како и секогаш, само уште малку повеќе, но сè ќе биде исполнето со радост и љубов. И двајцата обожаваат да бидат родители. Четвртото дете им е најдобриот божиќен подарок“ – рекол изворот.

Бебенцето се роди на 17 декември, но не беше откриен ниту полот, ниту името на новороденчето.

Ана и Енрике ги имаат и 7-годишните близначиња Луси и Николас, како и уште една помала ќерка, Мери. Веста за четвртата бременост се рашири пред три месеци, кога Ана беше фотографирана со трудничко стомаче.

Курникова и Иглесијас се заедно од 2001 година. Нивната врска започна две години пред таа да се повлече од професионалниот тенис.

Ана Курникова

Tags
Ана Курникова
Енрике Иглесијас

Најнови

  • По 15 години борба со неплодност, пожарникар посвои бебенце оставено во кутија за напуштени деца

    Mon, 04/06/2026 - 13:50
  • dm на Жеска трка

    dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи

    Mon, 04/06/2026 - 13:23
  • Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со децата

    Празнично дотерани: Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите деца на миса за Велигден

    Mon, 04/06/2026 - 12:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.