• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Надица Илиеска: Есенски нутри совети

10 ноември 2015, 16:00
  • cподели

Комерцијален текст

Во пресрет на есента, настапува период на опаѓање на имунитетот, па затоа, во периодот кој следува, организмот има потреба од поголемо внимание. Климатските промени кои го одбележуваат преодот од лето во есен, бараат прилагодување на нашето тело кон променливото и свежо време. Покрај временските промени, есента носи и поголеми работни и семејни обврски, а со тоа и помалку слободно време.

Многу често, промената на годишното време носи сезонска меланхолија, умор и недостаток на енергија. Почнува период со многу предизвици за имунитетот на организмот, кој во почетокот на есента почнува да работи „прекувремено“. Исхраната која ги следи промените во природата служи како квалитетен темел за успешно прилагодување на телото и умот.

Пар

Природата во есен ни помага со сезонски плодови кои даваат доволно енергија и топлина за сите предизвици кои ги носи ова годишно време. Најдобрата исхрана треба да содржи шаренило од јаболка, дуњи, мушмули, круши, костени, пченка, намирници кои претставуваат богатство од фитохемикалии кои имаат позитивно влијание на здравјето.

Да не го заборавиме јаболкото, тоа е спас за оние кои сакаат да ја одржат телесната тежина. Свежите плодови содржат околу 83% вода и на 100 грама имаат само 52 калории. Јаболкото содржи и органски киселини, а од шеќерите - гликоза, фруктоза и малку сахароза. Содржат и витамини А, Б и Ц. Поради пектинот, ја намалуваат апсорпцијата на холестерол во цревата и даваат чувство на ситост. Јаболката имаат голема диететска вредност, се препорачуваат кај анемија, авитаминоза и кај проблеми со дигестија.

Кога не сте во можност да изедете јаболко, бистриот сок од 100% јаболко на ВИВА е најдобар избор! Вива 100% природниот сок од јаболко е направен од најдоброто свежо овошје. Не содржи адитиви и вештачки засладувачи и му обезбедува на телото витамини, антиоксиданси и минерали, неопходни за здравата исхрана и здравите навики. Процесот на производство на соковите Вива се извршува со најсовремена технологија која максимално обезбедува задржување на нутритивните вредности и витамини од овошјето.

Вива

Покрај здравата исхрана не го заборавајте и вежбањето и посветете најмалку 20 минути во денот за телесна активност.

Tags
Вива

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.