На Светскиот ден на животната средина, dm потсетува: малите зелени избори прават голема разлика
Одржливото размислување и живеење веќе не е прашање на тренд, туку обврска на секој од нас. Токму затоа, по повод 5 јуни - Светскиот ден на животната средина, dm потсетува дека грижата за природата започнува од секојдневните навики и малите, внимателни избори кои ги правиме дома, во купувањето и во личната нега.
Преку концептот на „зелени идеи“, dm им овозможува на купувачите полесно да ги препознаат производите кои се добри за нив, но и оние кои придонесуваат кон поодговорен однос кон животната средина. Во богатата понуда на dm може да се најдат производи од dm марките Sanft&Sicher, Denkmit, dmBio, alverde и babylove, создадени со фокус на одржливост, практичност и секојдневна употреба.
Одржливоста започнува од производите кои секојдневно ги користиме. Sanft&Sicher трислојната тоалетна хартија е создадена со фокус на одговорно користење на ресурсите. Производот е дел од Pro Climate понудата, а при неговото производство не се користат додадени средства за белење. Иако станува збор за рециклирана хартија, таа е пријатно мека, цврста и практична за секојдневна употреба. На овој начин, Sanft&Sicher покажува дека одржливиот избор не мора да значи компромис кога станува збор за удобноста и квалитетот.
За чист дом и негувана облека, Denkmit Pro Climate концентрираниот течен детергент е наменет за бела облека. Неговата формула помага во отстранување на дамките и ја штити облеката од посивување, со што придонесува таа подолго да изгледа чисто, свежо и зачувано. Концентрираната формула е практична за секојдневна употреба, а производот е соодветен избор за сите кои сакаат во својата рутина за перење да внесат повеќе одржливи навики.
Во истата насока се и производите кои нудат практични решенија за намалување на непотребниот отпад. dmBio концентрат од овесен напиток е создаден од интегрален овес од сертифицирано органско земјоделство. Со мешање во сооднос 2:1 со вода, 0,5 литри концентрат се претвораат во 1,5 литри готов овесен напиток. Неговиот благ вкус го прави погоден за различна употреба – во кафе, мусли, смути или како напиток самостојно. Практичната концентрирана форма го прави овој производ едноставен избор за сите кои сакаат растителна алтернатива во својата исхрана, со фокус на одговорна потрошувачка.
За сите кои сакаат во својата рутина да внесат повеќе природни производи, alverde NATURKOSMETIK нуди производи со фокус на сертифицирана природна козметика и внимателно избрани формули. alverde цврстиот гел за туширање со освежителен мирис на нане и бергамот во контакт со вода, создава нежна пена која ја чисти кожата без да ја исуши, а неговата цврста форма претставува практична алтернатива за секојдневна нега. Свежите мирисни ноти го прават особено погоден за утринска рутина и чувство на нова енергија на почетокот на денот.
Одржливите избори се особено важни кога станува збор за најчувствителните членови на семејството. babylove nature пелените се создадени со фокус на нежна грижа за чувствителна бебешка кожа. Тие се хипоалергени и не содржат хлор, лосиони, парфеми и природен латекс. Во нивната изработка се користат обновливи суровини и небелена целулоза, што ги прави дел од „nature“ линијата на babylove. Пелените обезбедуваат до 12 часа сувост благодарение на впивливите канали кои брзо ја распределуваат течноста.
Преку своите „зелени идеи“ и внимателно избраните производи од dm марките Sanft&Sicher, Denkmit, dmBio, alverde и babylove, dm продолжува да ги поддржува купувачите во креирањето поодговорни навики. Затоа што грижата за животната средина не е само избор за еден ден, туку начин на размислување кој започнува од секој од нас.